Летајте наутро за да ги избегнете турбуленциите и уште 6 совети што ќе ви го олеснат секое патување
Избегнувајте газирани пијалаци кога сте во авион и ако сте во можност, контактирајте го хотелот директно пред да резервирате преку веб-сајтови како Booking.
Секое патување е прекрасно, но и стресно искуство – морате да земете предвид безброј работи и можете да се соочите со секакви неочекувани ситуации.
Па, сигурни сме дека секој трик што барем малку ќе ви го олесни патувањето е добредојден.
Во продолжение седум совети и трикови кои сигурно ќе ви се најдат за следното патување:
Не порачувајте кафе или чај во авион
Не е препорачливо да пиете чај или кафе направени во авионот бидејќи резервоарите со вода ретко се чистат темелно.
Поради ова, не е препорачливо ни да ставате мраз во пијачките во авион, и да не пиете вода од чаша, туку само флаширана.
Не пијте газирани пијалаци додека летате
Додека летаме со авион, во нашето тело се случуваат некои промени поради височината на којашто се наоѓаме.
Поради овие промени, газираните пијалаци можат да ви создадат многу гасови и да ви го направат патувањето непријатно.
Па, најдобро држете се до вода.
Летајте наутро за да ги избегнете турбуленциите
Според статистиката, турбуленциите се поретка појава за време на утринските летови.
Понесете вреќа за ѓубре
Вреќата за ѓубре нема да ви зафати многу простор, а ќе ви биде од огромна корист ако ве фати дожд пред да го напуштите аеродромот.
Ако имате ранец, торба за лаптоп или нешто слично што може да се уништи од дождот, едноставно ставете покријте го со вреќата.
На куферот ставете лепенка дека има кршлив материјал
На овој начин е поверојатно вработените кои се задолжени за багажот да водат подобра грижа за вашиот куфер (иако нема гаранција за ова).
Вежбањето ќе ви помогне да се ослободите од таканаречениот „џет-лег“
Џет-лег е нарушување на сонот кое се јавува ако промените неколку временски зони за краток период.
За да ги намалите симптомите, како замор, препорачливо е да трчате или да направите некоја јога вежба.
Ако сте во можност, контактирајте го хотелот директно
Ако најдете хотел на веб-сајт како Booking, пробајте да најдете контакт директно од хотелот и резервирајте така.
Овие веб-сајтови секогаш наплаќаат одреден процент за услугата што ве поврзуваат со хотелот.
Па, ако стапите во контакт директно со хотелот, можно е да добиете пониска цена.
Секако, ако не е возможно, не ризикувајте и држете се до безбедните сајтови, како горенаведениот.
Спирова С. | Црнобело