„Бев во Кавадарци – ме пречека совршен парк, чист град, луѓе со најтопли насмевки и најубави приказни“

„Во Кавадарци ме пречека совршен сончев ден, прво седнав во едно кафуле, кое нуди спектакуларен поглед кон плоштадот, а макијато ме чинеше 70 денари, а потоа веднаш се упатив кон Градскиот парк, еден од најубавите во Македонија. Но, по пат го запознав чичко Григор, локален пазарџија, па се изнамуабетивме. Направив план и за посета на црквата Света Петка и уште веднаш да ви кажам – црквата, но и целиот град ме воодушевија...“

bev-vo-kavadarci-me-precheka-sovrshen-park-chist-grad-lugje-so-najtopli-nasmevki-i-najubavi-prikazni-01.jpg

Случајно испадна да одам во Кавадарци и на работа им велам „Ќе направам репортажа оттаму, сакам малку да се фокусираме на убавината на градовите низ Македонија“ и дефинитивно не се разочарав.

Им кажав дека сум била пред 10 години последен пат и од таа посета не се сеќавам добро на деталите, но дека ќе има минимум совршен парк, можеби еден од најубавите во Македонија, затоа што и тоа како добро го помнам.

И така и беше – Градскиот парк „Љупчо Шкартов“ во Кавадарци со право ми останал во одлично сеќавање. Шарена сенка, дрвја обраснати со бршлен, живописни скалички како од некоја бајка, извиени улички и блага нагорнина, чисто и уредено, дури и со корпи „со карактер“ што би рекла јас.

bev-vo-kavadarci-me-precheka-sovrshen-park-chist-grad-lugje-so-najtopli-nasmevki-i-najubavi-prikazni-29.jpg

Корпите беа од природни материјали со рачно исцртани знаци на нив, одлично надополнување на амбиентот.

bev-vo-kavadarci-me-precheka-sovrshen-park-chist-grad-lugje-so-najtopli-nasmevki-i-najubavi-prikazni-16.jpg

bev-vo-kavadarci-me-precheka-sovrshen-park-chist-grad-lugje-so-najtopli-nasmevki-i-najubavi-prikazni-20.jpg

И најгоре гордо стои Спомен костурницата во Кавадарци, монументален споменик кој симболизира стара македонска куќа која претставува вечен дом на паднатите борци и од која има неверојатен панорамски поглед кон цел град и околината.

bev-vo-kavadarci-me-precheka-sovrshen-park-chist-grad-lugje-so-najtopli-nasmevki-i-najubavi-prikazni-21.jpg

bev-vo-kavadarci-me-precheka-sovrshen-park-chist-grad-lugje-so-najtopli-nasmevki-i-najubavi-prikazni-17.jpg

Мора да признаам дека се изненадив што и во Кавадарци се толку активни градежните работи, имаше активности буквално на секој чекор и низа нови никнати згради.

Но, да почнам од почеток.

Стигнав околу пладне во Кавадарци, денот иако среде октомври, сепак сончев како најубав пролетен ден.

Не знам дали тоа имаше влијание плус, но градот ме освои од прва. Прошетав низ центарот, па до плоштадот кој беше одлично уреден со фонтани, клупи со резби и канделабри.

bev-vo-kavadarci-me-precheka-sovrshen-park-chist-grad-lugje-so-najtopli-nasmevki-i-najubavi-prikazni-24.jpg

bev-vo-kavadarci-me-precheka-sovrshen-park-chist-grad-lugje-so-najtopli-nasmevki-i-najubavi-prikazni-06.jpg

Потоа седнав во едно кафуле, кое нуди спектакуларен поглед кон плоштадот, а макијато ме чинеше 70 денари. Цена на каква многу одамна не сум налетала во Скопје. Во новите скопски локали веќе цената на макијато е 100, па и 120 денари.

bev-vo-kavadarci-me-precheka-sovrshen-park-chist-grad-lugje-so-najtopli-nasmevki-i-najubavi-prikazni-25.jpg

Освежување ми беа и цените во рестораните, иако кавадарчани ми се пожалија дека имало драстично поскапување и кај нив и дека до пред извесен период било многу поевтино, што се вели со 200 денари се одело во град и се поминувало одлично.

Потоа се упатив кон градскиот пазар, за кој ми рекоа дека имал дозвола за работа секој ден, но работел интензивно два дена во седмицата, затоа што немало доволно купувачи.

bev-vo-kavadarci-me-precheka-sovrshen-park-chist-grad-lugje-so-najtopli-nasmevki-i-najubavi-prikazni-04.jpg

Таму, си поразговарав со чичко Григор Кабранов (59), кој продава трикотажа, пижами, чорпачиња и што уште не.

bev-vo-kavadarci-me-precheka-sovrshen-park-chist-grad-lugje-so-najtopli-nasmevki-i-najubavi-prikazni-26.jpg

Ми раскажа дека 20 години е дел од овој бизнис, дека го работат семејно и дека синот многу му помага. Долги години одел и на пазарот во Неготино, но сега тука си има продавничка и на неа бил фокусиран.

За својот град ми раскажуваше со топлина и насмевка на лицето и ми ги фалеше другарите од соседните локали, како наутро знаедно си пиеле кафе, па и по некоја ракиичка, си поставувале маса на сонце и дека тогаш најдобро се чувствувал духот на пазарот.

Меѓудругото ми раскажа и:

„Во Кавадарци за секој има работа, ако сака да работи. Но, сепак младите, за жал, бегаат на страна, а порано ова го немаше кај нас. 

Но, градот е убав, мене најубави места во Кавадарци ми се паркот и Спортскиот центар.

Во нашиот град има многу позитивни луѓе, шегобијци, да ти е мерак да си муабетиш и тоа ми се допаѓа. Градот има дух.“

bev-vo-kavadarci-me-precheka-sovrshen-park-chist-grad-lugje-so-najtopli-nasmevki-i-najubavi-prikazni-02.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

14 најубави плажи во Европа за 2024 – пет се во Грција, една во Албанија Златни, песочни плажи на Канарските острови, диви плажи во Грција, широки плажи ...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
Котор, Скопје: Градови кои имаат стари делови што зрачат со магија (и се совршени за есенска дестина... Старата скопска чаршија е како спој на разни култури и националности и до денес ...
8 најубави патувања со воз низ планини - глетки од кои застанува здивот Glacier Express во Швајцарија патува по планински премини и притоа пом...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg