„Бев во Лазарополе, чичко Димко ми раскажа за црквата, а селото навистина е едно од најубавите во Македонија“

„Од Скопје патувавме повеќе од два часа, но тргнавме петок по работа, па нè фати мрак, немаше многу добра сигнализација на патот, а последните неколку километри има навистина остри кривини, но дефинитивно вредеше - Лазарополе среде септември ми дари совршено чувство на зимски ноќи со пуцкање од камин и совршено чувство на пролетни денови среде бајковита природа, а тек пак разговорот со чичко Димко...“

bev-vo-lazaropole-chichko-dimko-mi-raskazha-za-crkvata-a-seloto-navistina-e-edno-od-najubavite-vo-makedonija-01.jpg

Петок после работа, втора половина од септември, а наместо „afterwork“ во некој скопски локал, јас се одлучив за јога викенд со многу познати и непознати жени и си поминав подобро од кога било.

Локација – Лазарополе. Мијачко село во прегратките на планината Бистра. Дефинитивно едно од најубавите македонски села!

bev-vo-lazaropole-chichko-dimko-mi-raskazha-za-crkvata-a-seloto-navistina-e-edno-od-najubavite-vo-makedonija-50.jpg

Од Скопје патувавме повеќе од два часа, но нè фати мрак, немаше многу добра сигнализација на патот, а последните неколку километри има навистина остри кривини, па одлучивме да одиме полека и сигурно. Не се брзавме.

bev-vo-lazaropole-chichko-dimko-mi-raskazha-za-crkvata-a-seloto-navistina-e-edno-od-najubavite-vo-makedonija-25.jpg

А таму? Нè пречекаа живописни камени куќи, а од некои излегуваше и чад од оџакот... Дури и нас во локалот кадешто престојувавме нè пречка оган кој пуцкаше и ни донесе мирис на зима.

bev-vo-lazaropole-chichko-dimko-mi-raskazha-za-crkvata-a-seloto-navistina-e-edno-od-najubavite-vo-makedonija-06.jpg

Се спиеше беспрекорно, на надморска височина од 1.350 метри и со прекрасен воздух. Онаков за каков белите дробови ви благодарат.

bev-vo-lazaropole-chichko-dimko-mi-raskazha-za-crkvata-a-seloto-navistina-e-edno-od-najubavite-vo-makedonija-37.jpg

И следниот ден нè дочека сонце, совршена температура и утринско кафе, кое испиено таму имаше подобар вкус од кое било друго кафе во последно време.

bev-vo-lazaropole-chichko-dimko-mi-raskazha-za-crkvata-a-seloto-navistina-e-edno-od-najubavite-vo-makedonija-33.jpg

bev-vo-lazaropole-chichko-dimko-mi-raskazha-za-crkvata-a-seloto-navistina-e-edno-od-najubavite-vo-makedonija-30.jpg

По појадокот, тргнавме кон врвот Соколица, а патот низ прекрасна шума, која ве маѓепсува.

bev-vo-lazaropole-chichko-dimko-mi-raskazha-za-crkvata-a-seloto-navistina-e-edno-od-najubavite-vo-makedonija-15.jpg

Вртоглаво високи дрвја, есенски лисја кои крцкаат под нозете, но и буквално сите нијанси на зелено.

Бајковита атмосфера, совршено надополнета со дрвени знаци на кои се испишани насоките.

bev-vo-lazaropole-chichko-dimko-mi-raskazha-za-crkvata-a-seloto-navistina-e-edno-od-najubavite-vo-makedonija-09.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg