„Бев во Лазарополе, чичко Димко ми раскажа за црквата, а селото навистина е едно од најубавите во Македонија“

Кога ми говореше за тоа, чувствував како срцето го боли и искрено и мене ме заболе зошто постојат такви луѓе, како можат да сквернават вакво свето место, кое е наше национално богатство...?

Чичко Димко, односно Димко Поповски (74), е пензиониран професор по историја кој веќе 4, 5 години со црковниот одбор се грижи за црквата, а во близина на црквата е неговата куќа од дедо му и прадедо му, кој бил свештеник.

bev-vo-lazaropole-chichko-dimko-mi-raskazha-za-crkvata-a-seloto-navistina-e-edno-od-najubavite-vo-makedonija-29.jpg

Тој ми откри: „Црквата е градена од 1832 до 1841 година, кога е осветена на ден Илинден, а тогаш е и празник на селото. Ктитор бил општественикот, кнезот и големопоседникот од Лазарополе Ѓурчин Кокалески, кој е погребан во дворот на црквата.“

Членовите на црковниот одбор со гордост ми говореа за видните личности од Лазарополе, како Архимандрит Анатолиј Зографски, кој бил роден во Лазарополе, а живеел и творел во Русија, па за Ѓурчин Кокалески, автор на првата автобиографија во пишан збор во македонската литература, македонскиот поет Анте Поповски, писателот и историчар Симон Дракул.

bev-vo-lazaropole-chichko-dimko-mi-raskazha-za-crkvata-a-seloto-navistina-e-edno-od-najubavite-vo-makedonija-49.jpg

bev-vo-lazaropole-chichko-dimko-mi-raskazha-za-crkvata-a-seloto-navistina-e-edno-od-najubavite-vo-makedonija-48.jpg

Ми кажаа и дека покрај големата црква има и 4 помали, а здравје ќе се прави уште една.

Исто така, дознав дека само десетина фамилии живеат во Лазарополе преку целата година. Училиштето престанало да постои во 70-тите години. Патот се одржува прооден во текот на целата година, а месната заедница се грижи за тоа.

bev-vo-lazaropole-chichko-dimko-mi-raskazha-za-crkvata-a-seloto-navistina-e-edno-od-najubavite-vo-makedonija-47.jpg

Едвај се разделивме, но морав да одам понатаму...

Оттука, со групата продолживме да се релаксираме со јога на полјана, каде дојдоа неколку коњи, кои уште толку ја разубавија и онака автентичната атмосфера на Лазарополе.

bev-vo-lazaropole-chichko-dimko-mi-raskazha-za-crkvata-a-seloto-navistina-e-edno-od-najubavite-vo-makedonija-04.jpg

Посетивме и една селска кафеана, каде со студено узо и вкусно сирење направено од рацете на локалците се разладивме на топлиот септемвриски ден.

bev-vo-lazaropole-chichko-dimko-mi-raskazha-za-crkvata-a-seloto-navistina-e-edno-od-najubavite-vo-makedonija-36.jpg

Вечерта следуваше и забава и дружба и сплотеност на жени од најразлични генерации, професии и профили во едно и тон енергија и мигови за паметење, како и сон меѓу воздушести меки јоргани, за да нè подготви за наредниот ден.

bev-vo-lazaropole-chichko-dimko-mi-raskazha-za-crkvata-a-seloto-navistina-e-edno-od-najubavite-vo-makedonija-05.jpg

И неделниот ден откако уште еднаш прошетавме низ Лазарополе, заминавме за другиот мијачки бисер – селото Гари.

bev-vo-lazaropole-chichko-dimko-mi-raskazha-za-crkvata-a-seloto-navistina-e-edno-od-najubavite-vo-makedonija-56.jpg

Патувањето дотаму траеше многу кратко. А таму? Малку посвежо за овој период од годината, но на свој начин подеднакво убаво.

Со Гарската река, водопадите и превкусните специјалите во локалната кафеана, со збиените куќи со нагорнините и спектакуларните пејзажи Гари ни беше совршено заокружување на патувањето во мијачкиот крај.

bev-vo-lazaropole-chichko-dimko-mi-raskazha-za-crkvata-a-seloto-navistina-e-edno-od-najubavite-vo-makedonija-0003.jpg

Лазарополе како идеја за викенд? Дефинтивно да, побрзајте искористете ги овие сончеви, есенски денови. Се разбира, и останатите мијачки села кои и јас едвај чекам да ги посетам.

Не велам дека и во зима не е прекрасно, но за мене деновите во кои може да се ужива во природа со сонце и лесна облека се незаменливи.

Па, така Лазарополе во септември ми беше совршено искуство...

Повеќе фотографии од Лазарополе:

bev-vo-lazaropole-chichko-dimko-mi-raskazha-za-crkvata-a-seloto-navistina-e-edno-od-najubavite-vo-makedonija-51.jpg

bev-vo-lazaropole-chichko-dimko-mi-raskazha-za-crkvata-a-seloto-navistina-e-edno-od-najubavite-vo-makedonija-35.jpg

bev-vo-lazaropole-chichko-dimko-mi-raskazha-za-crkvata-a-seloto-navistina-e-edno-od-najubavite-vo-makedonija-34.jpg

bev-vo-lazaropole-chichko-dimko-mi-raskazha-za-crkvata-a-seloto-navistina-e-edno-od-najubavite-vo-makedonija-24.jpg

bev-vo-lazaropole-chichko-dimko-mi-raskazha-za-crkvata-a-seloto-navistina-e-edno-od-najubavite-vo-makedonija-21.jpg

bev-vo-lazaropole-chichko-dimko-mi-raskazha-za-crkvata-a-seloto-navistina-e-edno-od-najubavite-vo-makedonija-19.jpg

bev-vo-lazaropole-chichko-dimko-mi-raskazha-za-crkvata-a-seloto-navistina-e-edno-od-najubavite-vo-makedonija-10.jpg

bev-vo-lazaropole-chichko-dimko-mi-raskazha-za-crkvata-a-seloto-navistina-e-edno-od-najubavite-vo-makedonija-02.jpg

bev-vo-lazaropole-chichko-dimko-mi-raskazha-za-crkvata-a-seloto-navistina-e-edno-od-najubavite-vo-makedonija-001.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg