„Ги посетив воденичките пештери и пештерната црква „Св. Богородица“ во село Лесново - што кријат?“

Гледав во календарот на работната маса и сфатив дека ни преостанува сè помал број на викенди со сончево време, а тоа значеше дека во саботата што претстоеше мора да се оди некаде.

BeFunky collage copy copy

Со Никола, Филип и Стефан имавме во план да го посетиме Кањонот Камник во близина на Штип, ама во последен момент се предомисливме и се упативме кон Лесново. Едно од најстарите села во Македонија, кое е сместено во самата срцевина на некогашен вулкански кратер. Тука звучам како професор по географија!

Се паркиравме пред „Меанче у Кампче“ и прво одлучивме да го посетиме Лесновскиот манастир. Мислам дека барем еднаш во животот сите ја имаме посетено црквата посветена на Светите Архангел Михаил и Гаврил, ама во мојот случај, колку пати и да го посетам секогаш откривам нешто ново.

shto krijat vodenivkite pesteri i pesternata crkva sv bogorodica v0 selo lesnovo 5

Откако завршивме со Лесновскиот манастир продолживме до Лесновските пештери кои се наоѓаат во непосредна близина. Се спуштивме по изградената патека и се најдовме пред пештерната црква „Св. Богородица“. Кога влегов внатре забележав дека е оспособена за испоснички живот, тоа го кажува и самата историја, во петтата или шестата деценија од XIV век.

Светејќи со блицот од мобилниот телефон ги забележав трите плитки ниши, кои го претставуваат олтарниот простор, а кога се развртив лесно беше воочливо дека едниот дел од пештерата служел за живеење, а другиот го претставува црковниот простор.

Испосникот Серапион престојувал во оваа пештера во XIV век. Пред да излезам од темнината и да ме заслепи силното сонце, се загледав во остатоците од фреската која беше тешка за читање и разбирање.

shto krijat vodenivkite pesteri i pesternata crkva sv bogorodica v0 selo lesnovo 9

Знаев дека повторно ќе се изненадам од она што го видов со свои очи, па без да губиме време продолживме по патеките и мостовите до останатите тајни на локацијата.

shto krijat vodenivkite pesteri i pesternata crkva sv bogorodica v0 selo lesnovo 8

Лесновските воденички камења всушност потекнуваат оттука, а на жителите на селото ова им претставувало едно од главните занимања. На местото каде што стоев се изработувале воденички камења и камени плочи од тврдите вулкански карпи, познати и како „игнимбрити“ и тоа до 80-тите години на минатиот век.

Знам дека дедо ми неколку пати ми раскажуваше за овие воденички камења кои биле употребувани низ целиот Балкан, посебни на свој начин кои не можеле да се најдат на друго место.

shto krijat vodenivkite pesteri i pesternata crkva sv bogorodica v0 selo lesnovo 1

Ги откривавме пештерските ходници, вратачи и насипи натежнати од тишината на карпите и свежината која добро ни дојде на сите. Излеговме и се искачувавме по тешко достапните места, откривајќи форми во тој необичен амфитеатар на природата.

shto krijat vodenivkite pesteri i pesternata crkva sv bogorodica v0 selo lesnovo 6

На враќање, седнавме да земеме здив и еден од другарите ни постави интересно прашања. Побара од нас да замислиме дека надвор се случила апокалипса – крај на цивилизација, а ние четворица сме заробени во овие пештери, па како би преживеале во овие услови.

Паднаа интересни муабети, ама имагинацијата не беше многу расположена да се одмота од нас.

shto krijat vodenivkite pesteri i pesternata crkva sv bogorodica v0 selo lesnovo 7

Пред тргнување наминавме во „Меанче у Кампче“ за да си ја повратиме сила и да може да го искористиме и остатокот од денот како што треба.

shto krijat vodenivkite pesteri i pesternata crkva sv bogorodica v0 selo lesnovo 2

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Обичаи при посета на манастирот Острог во Црна Гора - што треба да понесете и како да се однесувате? Во манастирот не се доаѓа со голи раце и нозе. Верниците ги оставаат своите личн...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Предлози за викенд во Солун: Музеј на селфи, лизгалиште и забавен парк за целото семејство Топло време, чист воздух, новогодишно декориран: Солун во предновогодишна атмосф...
Котор, Скопје: Градови кои имаат стари делови што зрачат со магија (и се совршени за есенска дестина... Старата скопска чаршија е како спој на разни култури и националности и до денес ...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg