„Неа Плагија и Неа Флогита, грчки дестинации каде што ќе се одморите - како си поминав јас?“

Како и секоја година, така и оваа не можевме да ѝ одолееме на Грција. Бројни дестинации го засведочија присуството на нашите граѓани, а толку многу места останаа да се посетат во наредните години. 

nea plagia i nea flogita grcki destinacii kade sto ke se odmorite 10

И покрај тоа што Грција преовладува со места од кои ти запира здивот и те освојуваат уште од самото пристигнување, постојат и такви кои се наменети за оние што едноставно сакаат да се одморат и да бидат покрај море. Можеби нема да бидете занемени од опкружувањето, ама ќе бидете благодарни што сепак сте го напуштиле шаблонот на секојдневието и се наоѓате на некое друго место неколку дена.

На околу 60 километри од Солун, се наоѓа едно мирно место, познато како Неа Плагија. Нема сомнение дека ова е уште една семејна дестинација, ако барате луди журки и незаборавни ноќи, ќе се разочарате уште од првиот ден зашто нема да ги најдете тука.

Како и да е, долгата песочна плажа и чистото море се доволна причина за да дојдете тука и да се одморите. Освен тоа, чистото море нема да ви дозволи да излезете од него. Тука ќе се додаде и пешачката патека, каде слободно може да џогирате и да бидете едни од ретките што тоа ги прават тука, затоа што најголем дел од посетителите се постари брачни парови и семејства со мали деца.

Малото пристаниште е исто така примамлива локација, каде може да сретнете луѓе кои патуваат и живеат во комбиња, а разговорите со нив најчесто знаат да бидат многу забавни.

nea plagia i nea flogita grcki destinacii kade sto ke se odmorite 6

Тоа што Неа Плагија е споена со Неа Флогита, може само да ви го разубави престојот ако случајно одлучите да се измешате помеѓу поголем број на луѓе. Ако едноставно ви здодее да бидете на полупразни плажи, каде секој се движи во својата зона, воден од своите навики и потреби, тогаш знаете што да направите.

nea plagia i nea flogita grcki destinacii kade sto ke se odmorite 8

Веројатно не само во Неа Плагија, туку и на други места, имало значајно помала бројка на туристи и капачи во морето. Тоа е во ред. Нема да се оптоварувате од довикувања, детски плач и врескање, ако тоа случајно ви оди на нерви, едноставно само ќе се одмарате и на своето тело ќе му дозволите доволно количество на витамин Д.

Ако сте страстен читател, со часови можете да голтате возбудливи приказни и да се вратите дома со две-три прочитани книги.

nea plagia i nea flogita grcki destinacii kade sto ke se odmorite 1

Е, сега немој да помислите дека тука ништо не се случува. Да се разбереме, има забавен парк за најмалите, простор за играње на одбојка, терен за фудбал и кошарка, прекрасни таверни и ресторанчиња што служат одлична морска храна.

Многу убава чоколадна вафла со сладолед има во Gelateria Giannis, а различен избор на коктели можете да најдете во Razzmatazz. Цените на коктелите се движат од 7 до 10 евра, а персоналот е доста услужен спрема секој посетител. Кога веќе ги спомнав цените, кафе можеш да најдеш за 1 ипол до 2, барем мислам дека толку го плаќав ладното еспресо што ги пиев на плажа.

nea plagia i nea flogita grcki destinacii kade sto ke se odmorite 3

Ако сте од оние коишто сакаат да го истражуваат секое посетено место, тогаш да знаете дека ќе налетате на многу интересни места. Од диви плажи, до интересни куќарки и ако се упатите спрема патеката за Созополи може да го начекате зајдисонцето кое ќе ве расположи додека ја гледате.

nea plagia i nea flogita grcki destinacii kade sto ke se odmorite 7

Затоа, ако немате идеја каде да заминете за вистински да се одморите, тогаш разгледајте ги Неа Плагија и Неа Флогита како опции што можеби ќе ви ги исполнат вашите барања за оваа летна сезона.

nea plagia i nea flogita grcki destinacii kade sto ke se odmorite 5

nea plagia i nea flogita grcki destinacii kade sto ke se odmorite 4

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови  и фотографии е казниво со закон.

Автор: Е.Х. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg