Репортажа за Белград: „Моето прво излегување од Македонија по пандемијата – мирисаше на живот“

Ова патување беше моето прво напуштање на границите, па секако дека ми годеше промената. Еден мој другар требаше да оди да се вакцинира во Белград, па си реков зошто да не тргнам и јас со него. Во последен момент се договориме неколку души и по четири часа возење стигнавме во градот со кој ме поврзуваат многу нешта.

belgrad kakov sto otsekogas go znaeme ili nikogas dosta od ovoj grad 7

Само што слегов од колата, пред да се качам во зградата каде што требаше да преноќам, се отвори небото и во рок од неколку минути бев целосно накиснат.

Но, тоа не ми сметаше, знаејќи дека конечно може да ги разбудам старите чувства и да шетам во град каде маските не беа задолжителни за носење на отворен простор (тогаш кај нас беа задолжителни уште). Сето ова се случи во мај, додека во Македонија постоеја поинакви закони.

belgrad kakov sto otsekogas go znaeme ili nikogas dosta od ovoj grad 10

Со автобус се одвезовме до Кнез Михајлова и се изненадив од онаа радост што само патниците можат да ја почувствуваат во себе. Онаа слобода што се појавува во тебе и ти овозможува да местото го доживееш во најчиста форма.

Како човек што сака да чита и пишува, влегов во книжарниците на „Лагуна“, „Вулкан“, „Бука“, потоа продолжив се спуштив до Дорчол. Кафулињата беа преполни со луѓе, Белград мирисаше на живот, онаков каков што го помневме пред пандемијата.

belgrad kakov sto otsekogas go znaeme ili nikogas dosta od ovoj grad 11

Пред хотел „Москва“, еден од најстарите хотели што работи во Белград, се запознав со двајца патници од Колумбија кои со години го истражуваат светот. Кога се сретнав со нив правеа интересни трикови и жонглираа на црвено светло на семафорите, така заработувајќи.

belgrad kakov sto otsekogas go znaeme ili nikogas dosta od ovoj grad 4

Преку ден времето супер ни поминуваше, а навечер, поради тоа што локалите работеа до 22 часот мораше да се снаоѓаме. Најлесно беше да се купи пиење и да се замине во парк, како што сите што беа излезени го правеа тоа.

Тогаш улиците вриеја со народ и се случуваа секакви настани. Во секоја улица се слушаше гласна музика од приватни забави што се случуваа по станови.

belgrad kakov sto otsekogas go znaeme ili nikogas dosta od ovoj grad 5

Кога ќе се најдеш во Белград има што да се види. Претходно кога и да одев таму, често знаев да прошетам до Ада Циганлија, кејовите на Дунав и Сава, но овој пат за првпат стапнав на Земунски кеј и ја прошетав целата околина, вклучувајќи ја и кулата Гардош и тесните улички со калдрма кои ќе те одведат до една панорама на целиот град.

belgrad kakov sto otsekogas go znaeme ili nikogas dosta od ovoj grad 8

На враќање сакавме да го посетиме Големиот воен остров, кој се наоѓа на сливот на реките Сава и Дунав. Многумина ми имаат зборувано за ова место, но поради збиена агенда не успеавме да дојдеме до таму, само од далеку ја видовме плажата Лидо, која се наоѓа на северниот дел на островот.

Во лето ова место е преполно со капачи и луѓето кои сакаат да уживаат во едно поинакво опкружување. Си дадов за цел следниот пат да го чекирам и ова место.

belgrad kakov sto otsekogas go znaeme ili nikogas dosta od ovoj grad 9

Во секој случај, првото патување по година и пол помина одлично. Како за крај, ќе препорачам неколку локали кои успеав да ги посетам. Сплавот „Гугутка“ на Земунски Кеј за добро уживање во пладневните часови, потоа ако сакате добро кафе тогаш најдете го кафулето „Koffein“, а ако сакате добра пица, пробајте ја во „Botako“.

belgrad kakov sto otsekogas go znaeme ili nikogas dosta od ovoj grad 3

belgrad kakov sto otsekogas go znaeme ili nikogas dosta od ovoj grad 2

belgrad kakov sto otsekogas go znaeme ili nikogas dosta od ovoj grad 2

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Е.Х | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg