Се возевме низ буен предел, паркиравме во Ростуше и пешачевме до Дуфски водопад – таму се ослободив од токсичноста

Понекогаш сите се наоѓаме во ситуација кога остануваме без инспиративни идеи за патување. Кога од толку премислување, на крај остануваме дома, но кога викенд чека да ве поведе на незаборавно патување, не мислете се многу, туку брзо дејствувајте. Соберете добра екипа, наполнете го ранецот зашто во тој момент почнува најинтересното.

dufski vodopad vo selo rostushe ili eden nov svet koj kje se otvori pred tebe 7

Дуфски Водопад, по течението на Ростушка Река… Толку имам да кажам ако случајно останете без конкретни планови за следниот викенд.

Доволно е тоа што ќе се одвезете во Националниот парк Маврово и ќе бидете на ова сакрално место во нашата држава, за да се почувствувате поисполнето.

По посетата на Бигорски манастир, заедно со моите пријатели решивме да го посетиме Дуфскиот Водопад. Толку многу имам слушнато за него, што навистина ми се направи ќеф што најпосле го засведочив. Во врска со ова патување, имам да кажам неколку работи…

dufski vodopad vo selo rostushe ili eden nov svet koj kje se otvori pred tebe 1

Прво, ќе се возите низ таков буен предел што само внимателните очи можат да ја уловат сета убавина. Во ред е да се направат неколку фотки, но дадете си простор да ја почувствувате природата околу себе и со добро музиче може патувањето да ве „вози“ максимално.

dufski vodopad vo selo rostushe ili eden nov svet koj kje se otvori pred tebe 3

Второ, слободно може да се паркирате во село Ростуше, водопадите од таму се оддалечени околу 30 минути. Зависи со какво темпо се движите.

Интересно е тоа што патот до таму е прекрасен, самиот допир со природата ќе ви вдахне дополнителна енергија и без никаков проблем ќе стигнете до крај.

Следете го течението на Ростушка Река и таа ќе ве одведе до водопадот. Освен тоа, за повеќе да уживате во опкружувањето, секако, ако имате доволно време на располагање, дозволете си да фрлите поглед-два до скриените местенца кои ќе ви се испречат на патот. Вегетацијата е врв.

BeFunky collage 4

По патот имате неколку одморалишта, каде ќе може да земете здив, ќе поминете низ дрвени мостови и целиот пат е под сенка.

Ако се наоѓате во летниот период ќе налетате на изобилство од шумски јаготки. Кога јас се најдов таму, температурата беше околу триесеттина степени, а воопшто не чувствував жештина. Само желбата со свои очи да го видам водопадот.

dufski vodopad vo selo rostushe ili eden nov svet koj kje se otvori pred tebe 5

Трето, кога ќе стигнете до 28 метарскиот водопад, земете длабок здив, затворете ги очите и слушнете го шумот.

Дури потоа внимателно спуштете се и гледајте го од долу нагоре. Јас ја имав таа среќа да го начекам водопадот со многу вода, така што кога застанав пред него за неполна минута бев целосно мокар. Не беше страшно, знаев дека штом ќе излезам на сонцето ќе се исушам.

И уште нешто, како надополнување на точка три е тоа што можете да викате пред водопадот, а да не бидете слушнати од никого.

Ги напнав гласните жици и пробав да се ослободам од сета токсичност што беше наталожена во мене. Запомнете, Дуфскиот водопад ќе отвори еден нов свет пред вас.

dufski vodopad vo selo rostushe ili eden nov svet koj kje se otvori pred tebe 4

BeFunky collage 5

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg