Некаде помеѓу облаците – врвот Рамно на Скопска Црна Гора, место за мир и тишина (фото)
На надморска височина од 1651 m се издига врвот Рамно на Скопска Црна Гора — средновисока планина во северниот дел на Македонија. Скопска Црна Гора е лоцирана помеѓу Скопската Котлина од југ, Кумановската Котлина од исток, Гниланската од север (во Косово) и долината на река Лепенец од западната страна.
Од центарот на Скопје преку Кучевиште, Побожје, Бродец до врвот Рамно има околу 30 km и околу еден час релаксирано возење.
Врвот се наоѓа речиси во средишниот дел од планината, над селото Брест. Името Рамно е сосема оправдано затоа што врвот навистина е зарамнет и пристапен, особено доколку доаѓате од западна страна.
Некаде помеѓу облаците, далеку од градскиот смог и загаденоста, место за зен, тихување и пронаоѓање мир, врвот Рамно е идеална дестинација за посета: