Корисни трикови како да трошите помалку пари на патувањата (и повеќе да патувате)
Tрик 1: Наместо да патувате во ек на сезона, одберете некој помирен период од годината, кој не само што ќе ви овозможи поразлично искуство, туку ќе ви овозможи за помалку пари да видите што е можно повеќе.
Сите гледаме добро да си го планираме буџетот за патување, да бидеме подготвени за непланирани ситуации, кои многу често знаат да се појават кога сме надвор од дома, да одвоиме сума за да си ги задоволиме личните каприци или едноставно да се препуштиме по ноќните клубови и како тинејџери да се „заборавиме“ од забава и танцување.
Но, колку и да велиме дека не нè засега ништо друго, секогаш кога имаме можност да заштедиме некој денар, со големо задоволство го правиме тоа.
Следуваат неколку трикови за вашето патување да биде уште поевтино:
Наместо да патувате во ек на сезона, одберете некој помирен период од годината, кој не само што ќе ви овозможи поразлично искуство, туку ќе ви овозможи за помалку пари да видите што е можно повеќе.
Ако мислите дека нема да ви стигнат парите, јадете го она што го јадат локалците. Можеби идејата да јадете во ексклузивни ресторани звучи примамливо, но не предавајте толкаво значење. Со полни стомаци, секое патување е убаво!
Ако не сакате да спиете со непознати луѓе во хостели, а не можете да си дозволите преноќување во хотел, тогаш совршена средина е да си обезбедите сместување преку Airbnb.
Или во краен случај – CouchSurfing. Последната можност е најдобрата според мене. Ем имаш каде да спиеш, ем се дружиш со локалци и од прва рака ги дознаваш работите за местото.
За делење на трошоци постојат уште многу опции, како што се BlaBlaCar, каде патувате од една до друга дестинација со непознати луѓе, ама за многу пониска цена.
Тука може да се вметне и EatWith, самиот наслов кажува сè.
И во краен случај ако добро се снаоѓате со работа на компјутер, тогаш заработувајте додека патувате.
Според мене тоа е најсигурен начин да не останете без скршен денар, а истовремено да се чувствувате продуктивни и духовно исполнети.
Е. Х. | Црнобело