3 кул светски дестинации, за патувачите на кои им е здодеано од „клише“ туристички места
Милано? Посетено. Париз, Барселона, Будимпешта… Берлин и Амстердам. Доста е веќе од европски метрополи и гиганти, ги знаеме наизуст. Не само што се слични едни на други, туку ни овозможуваат и исти доживувања, што на веќе искусните патувачи не им претставува никаков предизвик. Во таков случај, каде?
Наместо заштедениот буџет да го трошите на веќе посетени држави, скршнете малку од Европа, кренете се на прсти и пред вас ќе се открие сосема нова слика на светот. Поинаква, неодолива и примамлива.
Промената секогаш е добредојдена.
Сигурен сум дека ретки се оние луѓе, посебно од нашите простори, кои добиваат желба да одат на Маврициус – островска нација во Индискиот Океан.
Оние кои го имаат посетено велат дека е неодоливо место. Остров идеален за сурфање, дегустирање на локална кујна и рум, посета на цркви, храмови, џамии и светилници. Мислам дека овие неколку реченици се доволно за во главата да ни се врежи и ова дестинација.
Ако го спомнеме Борат, веднаш ќе се сетиме на деветтата најголема земја, Казахстан.
Љубителите на архитектура, тури низ градови и истражување во дивина нема да сакаат да си заминат, откако еднаш ќе отидат таму.
Патувањето можете да го започнете од Алмати, најголемиот град со продавници за облека и ресторани, па сè до авантуристички искачувања на Тјеншан. Подобро е отколку што може да замислите.
На Уругвај не се обрнува толку внимание како на Бразил и Аргентина, но оваа држава во Јужна Америка и тоа како е вредна за посетување.
Одвојте еден ден за сурфање во Пунта дел Диабло или забавувајте се во ноќните клубови во Пунта дел Есте. Истражувајте ги космополитските улици во Монтевидео и креирајте спомени, кои со гордост и ентузијазам ќе ги споделите со најблиските.
Светот е многу поголем од Европа. Затоа патувајте, истражувајте и секако, читајте!
Е. Х. | Црнобело