Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Бахреин - новото Дубаи

kralstvoto-bahrein-novoto-dubai-povekjeКралството Бахреин (Mamlakat al-Baḥrayn, буквално: „Кралство на двете мориња“) е архипелаг кој се состои од 33 острови во Персискиот залив.

 

Тоа е мала држава управувана од кралското семејство Ал Халифа.

Се одликува со комбинација од традиционални арапски обичаи и современа архитектура. Главниот град на Бахреин, Манама, нуди модерни ресторани, разновиден ноќен живот и грст можности за луксузен шопинг.

kralstvoto-bahrein-novoto-dubai-2

Освен во дивите плажи на богатата престолнина, посетителите може да уживаат и во многубројни активности како нуркање, едрење, јавање камили или голф.

kralstvoto-bahrein-novoto-dubai-3

Манамски Сук е чаршија каде има многу мали занаетчиски работилници и традиционални продавници, сувенири, облека и сл. На овдешните тезги може да пронајдете парфеми, егзотични зачини, ткаенини, ракотворби, сувенири, суво овошје и секако – злато.

kralstvoto-bahrein-novoto-dubai-4

На панорамата од градот доминираат кулите близначки на бахреинскиот Светски Трговски Центар, високи 240 метри, воедно и први облакодери со вградени турбини кои користејќи ја силата на ветрот произведуваат електрична енергија. Довршени се во 2008 година, а трошоците за изградба изнесувале 150 милиони долари.

kralstvoto-bahrein-novoto-dubai-5

Бахреин просперира пред се благодарение на нафтата и развиеното банкарство, а во последно време е и престижна туристичка дестинација, најмногу заради погодната клима.

Од 2004 година, бахреинскиот Гран При е во редовниот календар за Формула 1.

Би можело да ве интересира:

12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Есенски патувања за 11 Октомври кои ги нудат македонските агенции (со автобуски превоз) Цените на овие тури се движат од 100 евра до околу 330 евра, во зависност од бро...
Најмагичниот божиќен пазар се наоѓа во Романија - на 6 часа возење од Скопје (фото) Ако сте љубител на зимски патувања со автомобил и новогодишна магија, тогаш ја и...
Плажи на Кипар што вреди да се посетат (и што треба да знаете за нив) Кои се најпосетените плажи на Кипар, а за кои малкумина знаат? Во продолжение из...
Традиционални (летни) специјалитети што треба да ги пробате низ Европа Полнети пиперки и домати во Грција и препознатливиот сладолед во Турција – кои (...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg