Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Места каде нема да ве најдат

mesta-kade-nikoj-nema-da-ve-pronajde-povekjeАко сакате да побегнете од секојдневието, од звонењето на мобилниот, од секојдневните проблеми со кои сте окружени потребно е да „исчезнете“ барем...

 

...на кратко. Ова се неколку места на кои може да се одморите во вистинска смисла на зборот. Поприлично се недостапни, имаат скромна инфраструктура и прекрасна природа.

1. NP Laguna San Rafael, Чиле. Огромен национален парк кој се протега на 17.420 квадратни километри.

mesta-kade-nikoj-nema-da-ve-pronajde-1

Познат е по глечерите, а достапен е исклучиво со брод кој мора да се пробие низ каналот Патагонија. Ноќевање во луксузен велнес хотел чини околу 250 евра. Посебна атракција: 16 километри долгиот фјорд.

2. Tristan da Cunha. Веројатно најизолираниот населен остров на светот.

mesta-kade-nikoj-nema-da-ve-pronajde-2

Се наоѓа на југот на Атлантскиот Океан и има околу 300 жители кои зборуваат англиски јазик. До него е најлесно да пристигнете ако фатите брод кој еднаш во месецот тргнува од Кејп Таун. Возењето трае околу 6 дена. На островот можете да најдете поволно сместување, базени и пивници.

3. Socotra. Островот од „другиот свет“ е архипелаг од 4 острови во Индискиот Океан.

mesta-kade-nikoj-nema-da-ve-pronajde-3

Најблиското копно, Сомалија, е оддалечено дури 350 километри. Флората на островот е специфична, а посебна атракција е дрвото "Dracaena cinnabari".

4. Монголија. Земја со исклучително ниска густина на населеност, која пленува со недопрената природа.

mesta-kade-nikoj-nema-da-ve-pronajde-4

Ако прошетате низ главниот град Улан Батор и се насочите кон било која насока ќе наидете на мал број луѓе и уште помалку автомобили.  Вистина мирна земја каде може да уживате.

5. Папуа, Нова Гвинеја. Островска држава во која главниот збор се уште го има британската кралица.

mesta-kade-nikoj-nema-da-ve-pronajde-5

Прекрасни песочни плажи и планини за љубителите на чистиот воздух. Се смета за една од најтрадиционалните земји на светот каде жителите одат боси и спијат по ливади.

Би можело да ве интересира:

Има само 7 куќи, нема сигнал за мобилен - Како изгледа животот во едно од најнеобичните села во свет... Селото е составено од 7 уникатни куќи - секоја има 5 нивоа, во конусна форма и ц...
5 романтични места во Македонија, совршени за меден месец Кој вели дека мора да патувате во странство за да имате незаборавен меден месец?...
Летни авантури низ Македонија, за оние кои сакаат адреналин Летање со параглајдер над Охридското Езеро или paintball во Струмица – не мора д...
5 знаци дека сте избрале погрешен ресторан на одмор (и ќе зажалите за тоа) Бегајте од ресторани пред кои келнерите стојат и ве канат и обрнете внимание на ...
Топ 8 европски дестинации, за патувачи кои ја сакаат зимата, а не скијаат Зимско бегство во Златибор, или уживање во луксуз во Цермат, Швајцарија, но и во...
Подземен град, летање со балон - Зошто треба да ја посетите Кападокија? Кападокија е местото каде што природата и историјата се спојуваат и ги создаваат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg