Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најздодевни градови на светот

zdodevni-i-valkani-a-sepak-posetuvani-povekjeНекои од светските метрополи се баш „грди пајчиња“ со мала шанса некогаш да се претворат во убави лебеди. Нечисти, пренатрупани или едноставно...

 

...досадни, а што се однесува до архитектурата – крајно неинтересни.

Иако се главни градови, би било претерано да се каже дека се преубави, но туристите и понатаму ги посетуваат. Ова е листата на најнепривлечни главни градови објавена на opentravel.com.

1. Софија, Бугарија. Софија не е во иста лига со некои средноевропски градови, како на пример Будимпеште или Прага. Центарот на Софија е валкан, неуреден и хаотичен. Секако, има неколку значајни цркви и музеи, но комбинацијата од бетонски гради во советски стил и модерниот развој не остава најдобар впечаток.

2. Уланбатар, Монголија. Додека останатите азиски главни градови со својот единствен ориентален стил привлекуваат многу туристи, главниот град на Монголија е далеку од ова. Селиот центар на градот е пораснат под надзор на поранешен СССР. Резултат се сиви и грди повеќекатници во поголем дел од градот.

3. Вашингтон, САД. На пописот е и Вашнигтон. Кога е во прашање архитектурата ова е најздодевниот град во Северна Америка. Тој е прекриен со мермерни величенствени градби, но им недостасува елеганцијата на Виена, Париз или Берлин. Има доста зеленило, но ако сте љубител на природата подобро посетете некој од Националните паркови.

zdodevni-i-valkani-a-sepak-posetuvani-3

4. Канбера, Австралија. Во споредба со Сиднеј и Мелбурн, главниот град на Австралија има само неколку симболични и здодевни знаменитости. Со околу 345.000 жители, градот личи на град на духовите. Му недостасуваат вибрации со оглед на тоа што внатрешноста и плажите се далеку...

zdodevni-i-valkani-a-sepak-posetuvani-1

5. Каракас, Венецуела. Овој град има две лица – сигурен кварт каде живее богатото население, препорачан и од туристичките агенции. Овој кварт е богат со трговски центри, музеи и ресторани. Другата, „темна страна“ е сиромашниот кварт кој се препорачува да го избегнувате.

zdodevni-i-valkani-a-sepak-posetuvani-2

Би можело да ве интересира:

5 знаци дека сте избрале погрешен ресторан на одмор (и ќе зажалите за тоа) Бегајте од ресторани пред кои келнерите стојат и ве канат и обрнете внимание на ...
Најубавите и најпопуларните дестинации за 2025-та, според Tripadvisor Лондон е прогласен за најдобра дестинација и во Европа, и во светот, додека на л...
10 најубави плажи на Јонските Острови во Грција Љубителите на кристално чисто море во тиркизна нијанса нема да погрешат доколку ...
Магично селце на Алпите е сцена од бајките (фото) На граница помеѓу Италија, Австрија и Словенија, со измешани култури и спектакул...
8 европски дестинации со пријатни температури за патување во месец мај Доколку планирате одмор во непосредна близина, секако на оваа листа е нашиот јуж...
Спомен соба на Петре М. Андреевски, Валајца – Зошто вреди да се посети демирхисарското село Слоештиц... „За да бидат јамболиите цут бели, треба да се однесат на Валајца“ – велеа домаќи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg