Замоци, палати и градини - атракции што се кријат во Синтра
Ако некогаш посакате да посетите место каде што времето застанало, тогаш португалскиот град Синтра е изборот што треба веднаш да го прифатите.
Верувајте, нема да зажалите. На едно место се наоѓаат палати, замоци, музеи, тивки шуми кои будат чисти емоции во вас.
Синтра дефинитивно е град на романтизмот, ако сакаш да се соочиш со еден дел од себеси, тогаш оваа мало гратче недалеку од Атланскиот Океан ќе разбуди дополнителна радост во вас и ќе ви дошепне колку е важно да се биде дел од простор кој не може да се опише со зборови.
Palacio da Pena
Една од најголемите атракции во Португалија е токму Palacio da Pena, шаренолика градба, која датира уште од 1842 година, а токму таму кралот Фердинант II креирал простор за творештво и инспирација.
Изградена од различни стилови, почнувајќи од северно-афрички до средновековен готик, ова маестрално архитектонско остварување го воодушевува секој посетител.
The Quinta da Regaleira
Палата од 19-ти век со несекојдневна градина е дел од градот Синтра. Посебно авантуристите ќе уживаат да талкаат низ егзотичните растенија, тајните премини и пештери ќе ви го зголемат адреналинот кога ќе треба да се спуштате низ бунарот на иницијација или познат како Poço Iniciáticoin.
Во секој случај местово не е толку посетено како Palacio da Pena, па затоа секој посетител може со часови да ужива во опкружувањето проткаено со мистични и религиозни симболи и декоративни изведби.
The Convento dos Capuchos
Ова е еден атмосферски објект во целиот регион изграден пред многу децении, за да има некакво влијание врз природата наоколу, каде подоцна бил изграден и манастир во самиот срж на пространи предели.
На само 7 километри од центарот на Синтра ќе имате можност да видите еден посебен начин на постоење, онаков каков што монасите пробувале да го спроведат на дело - постоење во склоп со природата.
Автор: Е. Х. | Црнобело