Од Стокхолм до Амстердам без пари, телефон и кредитни картички, само со лименки Red Bull

Авантуристичките патувања секогаш инспирираат и мотивираат, знаат да те извлечат од четирите ѕида и да ти ги покажат скриените убавини што ги крие животот. 

od-stokholm-do-amsterdam-samo-so-limenki-red-bull-bez-pari-telefon-i-kreditni-karticki-01.jpg 

Приказната за групата Urban Scouts кои беа дел од настанот Red Bull Can You Make It е вистински пример за едно доживување кое засекогаш ќе се памети.

Преку 200 студентски тимови од 60 различни држави во рок од недела дена требаа да стигнат од една до друга точка во Европа и тоа без пари, телефон и кредитни картички, туку само со Red Bull лименки како единствена валута.

Нашиот тим Urban Scouts, од Стокхолм, Шведска преку Данска и Германија храбро стигнале во Амстердам, засведочувајќи едно незаборавно патешествие.

Групата составена од Стефан Шевченко, студент на University od Applied Sciences Worms и Американ Колеџ Скопје, кој во слободно време е професионален гејмер, Иван Велкоски, студент на ФИНКИ, волонтер и водач на Прв Скопски Извиднички Одред (ПСИО) и Матеј Пунтевски, студент на Факултетот за електротехника и информациски технологии имаат многу што да кажат.  

od stokholm do amsterdam samo so limenki red bull bez pari telefon i kreditni karticki 1

„Искрено немаше некое преголемо размислување околу идејата за да се пријавиме. Бевме запознаени со настанот и знаејќи ги нашите авантуристички духови си рековме зошто да не, секако уште повеќе мотивирани од наш близок другар“, раскажува тимот Urban Scouts.

Пред да тргнат на пат, тројцата пријатели гледале видеа и читале статии на социјалните мрежи и портали на учесниците од претходните години, биле на кафе со тимот Borovo, кои ја претставуваа Македонија во 2016 година и на тој начин се подготвиле за долгоочекуваниот предизвик.

„За време на целото патешествие се чувствувавме многу слободно и исполнето. Без никакви грижи во сите тие патувања низ Европа. Не можеме, а да не кажеме дека е малку стресно бидејќи сепак не знаете каде ќе спиете вечерта, како ли ќе стигнете до следната дестинација и како ли ќе најдете храна за сите тројца. Но, фактот што го правевме ова заедно многу често и ни олеснуваше“, откриваа тимот, присетувајќи се на доживувањата. 

od stokholm do amsterdam samo so limenki red bull bez pari telefon i kreditni karticki 3

Дневните рутини им се состоеле во барање на луѓе да им купат карти за воз или автобус во замена за Red Bull лименки, возење од еден до друг checkpoint каде требале да извршуваат разновидни предизвици, карактеристични за местото во кое се наоѓале.

Во меѓувреме пробувале да се прехранат и да остварат дружба со останатите тимови кои ги сретнувале попатно.  

„Најголем впечаток ми оставија градовите кои ги поминавме бидејќи имаа многу добро разработена инфраструктура за велосипедски сообраќај. А место кое никогаш не би го посетил е градот Орхус во Данска, бидејќи според мене таму нема ништо што мене посебно би ме интересирало“, споделува Матеј.

На Иван најголем впечаток му има оставено Хамбург и додава дека Данска никогаш не би ја посетил повторно, зошто токму таму имале најмногу потешкотии. Во Колдинг не успеале да најдат место за преноќување, па морале да преспијат во стаклена коцка за пушачи на железничка станица.

od stokholm do amsterdam samo so limenki red bull bez pari telefon i kreditni karticki 5

„Гронинген е навистина кул. Од првиот момент кога стигнавме на тоа место во 1 сабајле па сé додека не заминавме утредента јас бев фасциниран од изгледот на градот. Тоа е еден прекрасен студенски град, а луѓето таму се навистина фини. А местото што дефинитивно не сакам повторно да го посетам е градот Колдинг каде што нема што да се види, а и немавме никаква среќа со луѓето таму, па едвај чекавме да си заминеме“, додава Стефан.

Тимот Urban Scouts не се нашле во опасни ситуации. Цело време биле претпазливи, се труделе да внимаваат еден на друг, го почитувале редот и законите во државите и со почит се однесувале спрема луѓето кои ги сретнувале. Но, затоа прекрасни моменти имаат еден куп.

Некој ден, Иван влегов во една ликовна галерија и прашал кој е сопственикот на паркираното Ламбурџини. Кога го нашле човекот му раскажале за што станува збор, а тој веднаш се согласил да го повози Иван низ Хамбург со неговиот брз автомобил.

Потоа биле поканети на домашна забава во една маркетинг компанија, каде биле почестени со пиво, партија beer-pong и токму новите познаници ги израдувале со автобуски билети за Берлин и торба полна пијалаци и слатки.

od stokholm do amsterdam samo so limenki red bull bez pari telefon i kreditni karticki 2

Неколкудневното патување за секого претставува интимно доживување, животен сегмент што на некој начим им ги отворил хоризонтите и им внесол дополнителна радост во постоењето.

На Матеј му се прошириле видиците и разбрал многу работи за себеси, на Стефан патешествието му помогнало да излезе од комфор зоната и на момент да се почувствува како лик од некоја видео-игра, а Иван не почувствувал никакви промени зошто веќе до некаде имал слично искуство, но останал жеден за уште многу нови животни пикантерии.  

Тројцата пријатели навистина се чувствувале прекрасно штом се вратиле во Македонија. После денови и денови спиење на неудобни места, истенчена толеранција и непредвидливост, нивните кревети им претставувале вистинско препородување.

Едноставно биле исполнети кога се прибрале во своите домови и кога одново се сретнале со луѓето на кои им значат.

И покрај сé, ова патешествието засекогаш ќе остане дел од нив, печат вреден за раскажување и присетување на еден животен момент каде јасно се согледува дека среќата ги прати храбрите.

Никој од нив не знае што лежи во иднината, но сигурно некоја нова авантура им се наоѓа на повидок.

od stokholm do amsterdam samo so limenki red bull bez pari telefon i kreditni karticki 6

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 причини зошто Данска е совршена земја за живот Скандинавските земји пленат со својата архитектура, начинот на живот, храната ко...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Кафе и лежалка 4 евра, гиро 4 евра – Како се движат цените на плажа во Неи Пори во 2024? По празникот Духовден и споениот викенд, туристите во Неи Пори велат дека веќе г...
Обичаи при посета на манастирот Острог во Црна Гора - што треба да понесете и како да се однесувате? Во манастирот не се доаѓа со голи раце и нозе. Верниците ги оставаат своите личн...
7 ресторани во Врање кои може да ги посетите кога одите на еднодневна тура Ресторани на отворено со двор, ресторани со игралиште за деца, или со рустичен и...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg