5 необични хостели низ Европа кои треба да ги посетите

 

Сите сакаме да патуваме, нели? Некој повеќе ужива во комфорот, некој сака буквално да се отцепи од сé што го врзува за претходниот живот и да се препушти на авантурите кои ги овозможува патувањето. 

5 neobicni hosteli vo evropa koi treba da gi posetite 5

Кога станува збор за преноќување, освен ако не сте некој хардкор патник, тогаш размислувате за евтина опција. Хотели не доаѓаат во предвид.

Понекогаш знаат да се толку здодевни, што од самата чистота и луксуз ништо не учиш. Другата опција е да се преноќи во хостели што за оние дружељубивите личности е вистинска предност.

Посебно ако се погодат слични карактери во иста просторија. Има илјадници хостели низ светот, но секој од нив не е толку интересен, затоа во продолжението од текстот следува листа на пет хостели од Европа кои имаат свој уникатен белег и заднинска приказна.

Clink78

Како ви звучи да преспиете во затворска ќелија од поранешна судница? И тоа во непосредна близина на King's Cross во Лондон.

Но токму тука се наоѓа и платформата 9 и ¾ од Хари Потер. Не грижете се, ако ви здодее Лондон тогаш лесно може да се префрлите во Хогвортс.

5 neobicni hosteli vo evropa koi treba da gi posetite 3

Home Lisbon Hostel

Оние кои сè уште се зависни од своите мајки, во овој хостел ќе најдете замена. Сопственичката, која сите ја познават како Мајка, шест дена во неделата готви вечера за гостите и им овозможува да се чувствуваат како дома.

Барем за оние кревките и носталгичните ова е вистински избор за тешење.

5 neobicni hosteli vo evropa koi treba da gi posetite 7

Villa Saint Exupery Gardens Hostel

Луксизот на Ница и благодатите на Азурниот брег се во толкав број што никој не би сакал да отседне само на неколку дена.

Овој хостел овозможува поглед на море и шеталиштето со многу туристи и еден куп мириси измешани во воздухот. Уште поинтересно е тоа што објектот на овој хостел е поранешен манастир. Интересно, зарем не?

5 neobicni hosteli vo evropa koi treba da gi posetite 1

Eastern Comfort Berlin Hostelboat

Берлин е еден од најзабавните градови за млади луѓе, воопшто не ме чуди што има секакви лудории и прилики кои се среќаваат само во германската престолнина.

Наместо да се преспие на копно, некоја ноќ може да се помине и на брод кој плови во река. Ако сакаш нови работи, тогаш ќе ги најдеш сигурно во дрвените кабини на овој брод.

5 neobicni hosteli vo evropa koi treba da gi posetite 4

Jumbo Stay

Е ова е навистина јако. Знаеме дека Стокхолм е скап за нашиот стандард, но помислата дека може да преноќите во хостел, поточно во Boeing 747 е неверојатно интересна можност.

Уште ако сте малку поднапиени, тогаш турбуленции ќе почувствувате и додека авионот е паркиран. Уживајте.

5 neobicni hosteli vo evropa koi treba da gi posetite 2

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg