Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Уживајте во одморот и по него

Помина годишниот одмор, се вративте од летувањето полни со позитивни впечатоци и сега се мислите како да успеете да направите тоа расположение да...

 

... потрае подолго. И потоа догаѓа реалноста, се враќате на работа, на факултет или на училиште и на своите секојдневни обврски, и ви се чини исто како да и воопшто да не сте заминале на одмор.

Затоа логично е да се запрашате како да направите тоа убаво чувство што сте го добиле за време на одморот да го задржите? За ова можете да добиете одговор од едно германско истражување.uzivajte-vo-odmorot-i-po-nego

Истражувањето опфаќа 947 личности кои заминале на годишен одмор и 556 кои не биле на годишен одмор. Анализата траела една недела, со тоа што кај првата група измерен е срцевиот пулс пред, за време на одморот и по завршувањето на одморот.

Испитуваниците биле среќни пред одморот(заради исчекувањето на одморот) и за време на одморот. Но по завршувањето на одморот, нивното расположение било исто како оние испитаници кои воопшто не ни заминале на одмор.

Оние кои го опишале својот одмор како релаксирачки, за разлика од они кои го опишале како неутрален или стресен,  го задржале чувството на среќа во наредните осум недели по завршувањето на нивниот одмор.

Должината на одморот не игра никаква улога на влијанието на среќата по завршувањето на одморот.

Се додека одморот се базира на активности за опуштање и на активности кои го намалуваат стресот, чувството на среќа продолжува подолго по завршувањето на одморот, објаснуваат авторите на истражувањето.

Истражувањето сугерира дека постојат две стратегии за зголемување на бројот на среќни денови по завршувањето на одморот. 

Прво, бирајте ангажмани кои ве опуштаат. Второ, ако должината на одморот не игра никаква улога за вас, подобро е да отидете на неколку кратки патувања наместо на неколку долги.

Но, постои една напомена, тоа што за некој е многу релаксирано не значи дека е и за друг. Психологот Росман, стрчњак за тело, ум и расположение, вели дека за една личност лежењето на плажа може да го смета да рај додека за други тоа е пекол.

Неколку совети на Росман за продолжување на расположението после одморот:

  • Раскажувајте го вашиот одмор на други и разгледувајте ги фотографиите што сте ги направиле таму.
  • Заблагодарете им се на луѓето кои биле ви помогнале за време на одморот (сопствениците на апартманот или сл.) и пратете им некој подарок за благодарност.
  • Продолжете со позитивното расположение.
  • Поствете си наредни цели кои тој период ќе го направат побрзо да измине.

Би можело да ве интересира:

8 пријатни локали низ европските градови каде што има и мачки Во повеќето големи европски градови можете да најдете локали во кои покрај вкусн...
5 најубави кампови на Халкидики, идеални за семеен одмор или летување со друштво Ако досега никогаш не сте летувале во камп, ви препорачуваме 5 кампа кои се наоѓ...
6 блиски бич барови во Грција за еден ден или викенд на море Најубавиот бич бар е во околината на Неа Ираклиа, пракрасен бич бар со палми и б...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
„Бев во Босна, со автобус од Скопје патував една ноќ - Сараево ме трогна, а Мостар ме восхити“ „Од Скопје тргнав со автобус во 22 часот ноќта, а веќе наредното утро бевме таму...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg