Како да заштедите пари за да не го потрошите цел буџет додека сте на патување?
Откако ќе заштедите и соберете доволно пари за да отидете на патување, следниот предизвик е како да не ги потрошите во првите денови.
Приказната на една девојка може многу да ви помогне доколку ви се потребни совети и начини да заштедите пари за патувањата кои секогаш сте ги посакувале, но секогаш се потребни уште некои совети плус.
Следете ги следниве едноставни трикови за да може да уживате додека сте таму без многу да си скратите од задоволствата:
Купувајте намирници наместо да седнете во ресторан
Доколку имате можност, најдобро е да си купувате свежи намирници од локалните пазари и маркети и сами да си готвите храна, тоа ќе ви заштеди многу пари.
Секако, може да седнете неколкупати во ресторан, но сведете го тоа на минимум.
Сместете се во хостел
Понекогаш, нормално е да ви е потребен приватен, личен простор, но ако сакате да заштедите пари додека патувате и да стекнете нови пријатели, хостелите се одличен начин.
Не секаде, но сепак постојат одлични хостели доколку се потрудите да ги најдете.
Носете си термос со пијалак
Ова исто така ќе ви заштеди пари и нема да мора да купувате во продавници каде можеби пијалаците се поскапи, а вие сте жедни.
Уште подобро е ако користите термос, па водата, чајот или кафето нема да ја променат температурата и нема да имате изговор за купување.
Избегнувајте алкохолни пијалаци кога можете
За многумина патувањата значат луди забави, но обидете се да не го потрошите цел буџет на „happy hour“.
Ако често излегувате и се частите со алкохолни пијалаци, многу брзо ќе почнат да ви недостасуваат пари, ако одите со ограничен буџет.
Работете за местото каде сте сместени
Можеби звучи малку чудно, но ако сте во посета на некое место долг период, можете да направите некоја ваква комбинација.
Неколку часа работа во хостелот неделно и можеби ќе добиете бесплатно сместување.
Секако, ова не е возможно секаде, но вреди да се проба доколку сте подготвени.
Бирајте не толку скапи дестинации
Иако можеби сонувате за скапи и популарни градови, сепак има и други кои се можеби уште поубави, а не се толку популарни.
Истражете ги добро местата наоколу и упатете се кон оние малку поевтините.
Културата што ќе ја запознаете и искуствата кои ќе ги доживеете не се определени со цената која ќе ја платите.
Патувајте надвор од сезона
Ова сите добро го знаеме, но сепак ретко кој практикува постојано да оди некаде надвор од сезона.
Сите сакаат да одат во „шпицот“, но иако е добро да бидете со останатите во центарот на збиднувањата, сепак и периодот надвор од сезона има свои предности.
Цените се драстично помали, како за сместување, така и за секојдневните трошоци таму (не секаде), нема да има гужва и ќе имате подобра можност да уживате во местото.
М. М. | Црнобело