Сите начини на кои заштедив (многу) пари за да патувам низ светот

„Велат дека планирањето води до прогрес. И на кој и да му текнало ова - во право е.“ - вака започнува приказната на една девојка авантурист која шета низ светов, без нејзините родители да ѝ ги финансираат патувањата.

site-nacini-na-koi-zastediv-mnogu-pari-za-da-patuvam-niz-svetot-01.jpg

„Кога имав идеја да патувам низ светот, бев полна со страв дека нема да можам финансиски да си го остварам сонот, освен ако не добијам на лото. Тоа се претвори во посесивно посакување на дрво од кое ќе си наберам пари или зачленување во некоја организација од каде парите сами ќе се префрлаат на моја сметка.

Кога за првпат си реков себеси сакам да патувам низ светот цело време, постојано, мислев дека сум луда. Бев песимист, бидејќи моите родители никогаш не ми ги финансираа патувањата.“

Сега девојката води патувачки блог и полека, но сигурно го остварува својот сон да ја посети секоја земја во светот, благодарение на различни начини на заштеда.

site-nacini-na-koi-zastediv-mnogu-pari-za-da-patuvam-niz-svetot-02.jpg

Во продолжение, ви ги откриваме сите, па вие пресметајте се што повеќе ви се исплати:

„Пред да си ја букирам првата авионска карта, бев на мисија за штедење. Престанав да давам пари за готово кафе и почнав да си подготвувам сама, дома, во термос.

Престанав да се гледам со пријателите на вечери и наместо тоа ги канев дома на домашно подготвена храна. Преферирав неколку чашки вино во домашна атмосфера, отколку шатови и коктели на шанк во разни барови.

Престанав да купувам скапи, готови оброци и научив да готвам. Вегетаријанка сум веќе 10 години, па заштедив многу, бидејќи исхраната ми се базира на зеленчуци.

Јадев тоа што имаше во фрижидер, а не она што стомакот ми диктираше дека сака во моментот. Одев до супермаркетот, наместо да возам.

Го продадов автомобилот и одев со јавен превоз до работа. Што значи, трошоците за осигурување, регистрација и бензин повеќе ги немав.

Престанав импулсивно да купувам нова облека, таа што ја имав беше сосема во ред и сосема доволна. Облеката која не ја носев, ја продадов во локална продавничка која продава веќе носена облека за втора употреба.

Престанав да купувам најнова технологија, сосема во ред ми беше и стариот лаптоп и старата верзија на iPhone, сè додека работи. Ја скратив тарифата со вклучен интернет и користев само Wi-Fi мрежи.

site-nacini-na-koi-zastediv-mnogu-pari-za-da-patuvam-niz-svetot-03.jpg

Престанав да плаќам членство во теретана и наместо тоа трчав и вежбав надвор. Останав да живеам кај родителите и се договоривме колку пати да чистам и да правам ручек на неделно ниво, наместо да плаќам кирија.

Кога бев дома, бев неверојатно економична – не оставав запалени светилки без потреба, го скратив времето на туширање, па дури и ги полнев електронските уреди на работа, наместо дома.

Имав мисија да заштедам секаде, постојано и на секоја можна ситница.

Престанав да купувам книги и магазини и се потпирав на работите кои можам да ги читам онлајн.

Готвев во големи количини на почетокот од неделата, за да заштедам време и пари. Дури започнав и да си садам билки кои може да преживеат во домашни услови.

Гледав стари филмови кои не сум ги погледнала никогаш во животот, наместо да плаќам скапи карти за филмски премиери во кино.

site-nacini-na-koi-zastediv-mnogu-pari-za-da-patuvam-niz-svetot-04.jpg

Најдов и нови начини како да заработам. Почнав да водам блог за моите патувања, кои со текот на времето се покажа како исплатлив бизнис и сега ми овозможува полесно да патувам.

Почнав да наплаќам за реклами на социјални мрежи, напишав книга, пишувам како фриленсер новинар, соработувам со мали фирми кои пробуваат да се пробијат на пазарот...

Научив и да патувам попаметно. Долго време учев како да заштедам при букирање на лет, како да се спакувам попаметно, во помал куфер, како да потрошам помалку на скапите дестинации.

Престанав да јадам по ресторани и наместо тоа купував храна која се јаде „на нога“. Престојував во станчиња и апартмани, наместо хотели.

Подолго престојував на поевтини дестинации, пократко на поскапи. Се откажав од работите кои само ми зафаќаа простор во куферот и научив да се пакувам лесно.

Понекогаш си го жртвував комфорот, но за сметка на тоа научив како да одиш во театар во Виена за 3-4 евра, како да патуваш во нискобуџетни авиони со евтини карти, каде да си направиш пикник со прекрасен поглед, наместо да платиш многу пари во ресторан со истиот поглед.

И најважното, избегнував одлуки во 5 до 12, за да избегнам непријатности како откажување или промена на датумите и условите.“

site-nacini-na-koi-zastediv-mnogu-pari-za-da-patuvam-niz-svetot-05.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg