Не е културно: Што не треба да правите во странските земји?
Никој нема да ве обвини доколку сте премногу љубезни во Франција. Меѓутоа, бидете внимателни кому се смешкате во Русија. А, во Ирска, пак, седнете напред, или воопшто не влегувајте во такси.
Доколку планирате да отпатувате и се одморите од секојдневието во државата, вреди да знаете дека таму некаде, можеби правилата на однесување се разликуваат од тие во нашата татковина.
За дел од народите, навиките комплетно отспапуваат од оние во Македонија. Тоа што нам ни е примерна и учтива постапка, во странство претставува дрзок и некултурен гест, или, пак, обратно.
Ова се дел од работите кои не треба да ги правите во странските земји:
1. Не оставајте бакшиш во Јапонија.
Во земјата на изгрејсонцето, несомнено ќе се соочите со одлична услуга по рестораните и хотелите. Меѓутоа, по ниту една цена не смее да паднете во искушение, па на вработените да им оставите напојница.
Јапонците таквиот гест го сметаат за деградирачки.
2. Не се смејте на непознати луѓе во Русија.
Насмевката за Русите претставува интимен чин. Таа е знак за искрена склоност кон одредена личност. Па, доколку забележат дека им се смешкате, а не сте во блиски односи, тие ќе ве оценат како човек кому не може да се верува.
3. Не ракувајте се со левата дланка во Индија.
Левата е „нечиста“ рака според индиската култура, па секогаш користете ја десната дланка кога се поздравувате, разменувате пари, или, пак, подигнувате нешто.
4. Не го јадете цел оброк во Кина.
Кинезите мислат дека на овој начин им покажувате на домаќините дека не спремиле доволно храна. Оставете барем мала количина од оброкот во чинијата.
Од друга страна, не само што ждригнувањето е сосема во ред, туку и комплимент за готвачот, бидејќи сигнализира дека сте уживале во јадењето.
5. Не свирете во Норвешка.
Норвежаните ја применуваат сирената од автомобилот само во итни случаи, така што непотребното свиркање ќе предизвика паника помеѓу возачите.
6. Не заборавајте да се поздравите во Франција.
„Bonjour Monsieur/Madame!“ би требало да бидат вашите први зборови при секоја интеракција со Французите. Во спротивно, луѓето ќе си мислат дека сте надмени и некултурни, а нив суптилно ги спуштате под себеси.
7. Не зборете со рацете в џеб во Германија.
На Германците веднаш ќе им падне во очи ако не се држите до ова непишано правило, па ќе ве етикетираат како неучтива личност, која нема почитување кон другите луѓе.
Вообичаено е и да ги држите дланките на маса додека јадете, а не сложени во скутот.
8. Не седете на задни седишта од таксито во Ирска.
Кај нас никој нема да ви земе за зло, доколку наместо за совозочкото место, се одлучите за задните седишта од автомобилот. Но, наспроти македонските возачи, ирските таксисти очекуваат секогаш да седнете покрај нив.
Истото важи и за Шкотска, како и Австралија или Нов Зеланд.
9. Не велете „Америка“ наместо САД во Јужна Америка.
Јужноамериканците не гледаат благонаклонето на употребата на зборот Америка кога се говори за Соединетите Американски Држави. Впрочем, зарем Америка не ја сочинуваат јужен и северен континент, а не само една земја во Северна Америка?
10. Не го отвoрајте веднаш подарокот во Индија.
Ако не сакате Индијците да ве доживеат како алчна и лакома личност, воздржете се од отворање на подарокот во истиот миг кога сте го примиле.
11. Не прашувајте ги што работат луѓето во Холандија.
„Што работиш?“ не е прашање со кое треба да го скршите мразот во комуникацијата со Холанѓаните. Ним им делува дискриминирачки, особено бидејќи во земјата има широк систем на социјална помош.
12. Не дувајте нос пред јавност во Франција.
Ваквиот чин се смета за одвратен. Наместо тоа, извинете се, како да одите во тоалет. Но, не само пред Французите.
И жителите на други земји, како што се: Кина, Јапонија, Саудиска Арабија и Турција, исто така ќе ви бидат благодарни ако не го дувате носот пред нив.
М. А. | Црнобело