Паркови, плажи и езера: 6 чуда на природата кои секој треба да ги види барем еднаш во својот живот
Розовото езеро во Австралија, Јапонија во април, Нијагарините водопади и многу други, се места за кои секој од нас знае дека не смее да ги пропушти. Сепак ширум светот има многу локации кои што го одземаат здивот, а за кои многумина од нас не знаеле ни дека постојат.
Земјата често крие катчиња кои може да бидат тешко пристапни, но секогаш вреди маката за да се стигне до нив.
Плажи, езера, паркови... Природните убавини се насекаде околу нас, но некои од нив се до толку посебни што слободно може да се вборјат во категоријата „Чуда на природата“ .
Па, дали и вие сакате да бидете дел од овие прекранси амбиенти, проценете сами.
Плажа на љубовта - Мексико
Оваа скриена плажа опкружена со карпести ѕидини може да се види од небото. За овој мал рај се верува дека настанал по експлозија, бидејќи некогаш во овој регион се вршеле тестирања на експлозивни направи.
Природата го направила своето, односно овој остаток го претворила во мини лагуна со голем број риби и природна светлина што доаѓа директно од небото.
Езерото Абрахам во Канада
Во текот на зимата ова езеро замрзнува, создавајќи меури од метан под површината, кој што се ослободува од подводните растенија.
На оние кои го посетиле езерото во зима често им се причинува дека гледаат замрзнати медузи.
Езерото Генерал Карера во Чиле
Оние кои го посетиле ова езеро преку зима тврдат дека видикот потсетува на полускапоцениот камен аквамарин, со ѕидини кои наликуваат на мермер.
Хуанглонг, Кина
Тиркизните природни базени во Кина потсетуваат многу на познатото Памуккале во Турција. Оваа област е заштитена и од УНЕСКО.
Посетители често сведочеле и на средби со панди, со оглед на тоа што таму се наоѓа нивната природна животна средина.
Салар де Ујуни, Боливија
Солените рамници во Боливија, кои на својата површина создаваат рефлексија на околната природа, изгледаат како да се насликани во дело на Салвадор Дали. Најдобар ефект овој дел од земјата има после врнежи на дожд.
Чудните мостови, Бугарија
Оваа природна творба се наоѓа на Родопите. Се работи за пештерска форма на природни мостови кои се наоѓаат во зимзелена шума. Дотаму може да се стигне и со автомобил.
Во таков случај, не заборавајте да застанете на Асеновата тврдина, остаток од средниот век. Можете да купите и природен мед, што се продава на мали тезги покрај патот.
С. У. | Црнобело