5 Европски замоци во кои може да престојувате

Ако сакате одмор како од бајките и сте заљубени во историски градби и антиквитети, сега може да престојувате во еден од многуте замоци хотели во Европа. Барем на една ноќ почувствувајте се како да живеете во 17 век и да поседувате луксузен замок.

5 evropski zamoci vo koi mozete da prestojuvate 1

Погледнете ја листата на 5-те замоци кои спаѓаат помеѓу најубавите замоци-хотели во кои можете да престојувате:

1. “Relais La Suvera”, Италија ( просечна цена 350 евра од ноќевање)

5 evropski zamoci vo koi mozete da prestojuvate 2

Замокот датира од средновековни времиња. “Relais La Suvera” бил познат како замокот на благородништвото. Сопственик на замокот била грофицата Ава Матилда која била во роднинска врска со кралот на Франција Кловис.

Се претпоставува дека името на замокот потекнува од францускиот збор “suverraine”, што во превод значи владетел. После многу донирања и подарувања од еден владетел на друг, замокот стигнал до рацете на Маркиз Ричи кој го претворил во луксузен хотел. Хотелот има 36 соби и сите имаат историска вредност.

5 evropski zamoci vo koi mozete da prestojuvate 5

Сите соби се декорирани со антиквитети од приватните колекции на претходните сопственици.

Хотелот има надворешен и внатрешен базен, велнес центар, ресторани а исто така и организира екскурзии до блиски винарии.

2. “Chateau de Tocqueville”, Франција (просечна цена од 600 евра од ноќевање)

5 evropski zamoci vo koi mozete da prestojuvate 4

Замокот е богат со историја и семејно наследство. Порано бил дом на Алексис де Токевил, познат политичар, историчар и автор од 19-тиот век. Неговата сопруга Мери ја има дизајнирано градината која се уште стои како недопрена за врвно уживање.

Кога Токевил го наследил замокот од неговиот татко во 1836 година, заедно со неговата сопруга целосно го реновирале. За време на втората светска војна покрај близината на замокот до војната зона, имале среќа замокот да не претрпи никаква сериозна штета.

5 evropski zamoci vo koi mozete da prestojuvate 3

Замокот е исто така познат по тоа што Ернест Хемингвеј престојувал повеќе пати во него. Денес замокот е во сопственост на пра-пра-пра-пра внукот на Алексис де Токевил и неговата сопруга. Замокот неодамна повторно е реновиран со цел гостите да уживаат во комфор додека се уште стојат вредните историски предмети.

3. “Parkhotel Wasserburg Anholt”, Германија (просечна цена од 200 евра од ноќевање)

5 evropski zamoci vo koi mozete da prestojuvate 6

Со чувари на портите, историски ѕидини и музеј, “Parkhotel Wasserburg Anholt” замокот-хотел ви нуди луксузно искуство од бајките. Еден од двата ресторани кои ги нуди замокот се наоѓа во близина на предел со вода, а после богатиот ручек гостите можат да се симнат во визбата која изобилува со избори на прекрасни стари вина.

5 evropski zamoci vo koi mozete da prestojuvate 7

Внатрешноста на замокот е прилично традиционална но некои делови се апдејтирани со модерни предмети. Музејот е полн со уметнички дела од 17-тиот и 18-тиот век од познати уметнички имиња.

4. “Ashford Castle”, Ирска (просечна цена од 400 евра од ноќевање)

5 evropski zamoci vo koi mozete da prestojuvate 9

Првите темели на овој замок биле поставени во 1228 година од семејството Бурго, и цели осум векови наследниците на семејството уживале во погледот кон езерото Лох Кориб, второто најголемо езеро во Ирска.

Денес овој замок има 83 соби, спа центар и огромна градина која се простира на површина од 140 хектари. Ашфорд замокот се разликува од другите замоци најмногу по површина.

Хотелот има 5 ѕвездички и ви нуди јавање на коњ, возење со бротчиња по езерото, стрелање, голф и многу други активности.

5 evropski zamoci vo koi mozete da prestojuvate 10

Преку годините во хотелот престојувале многу познати личности како кралот Џорџ петти, принцезата Грејс Кели, Бред Пит и Роналд Реган. Познатиот автор Оскар Вајлд честопати го посетувал замокот како мало дете поради тоа што татко му поседувал дом во близина.

5. “Dromoland Castle”, Ирска ( просечна цена од 200 евра од ноќевање )

5 evropski zamoci vo koi mozete da prestojuvate 11

Иако замокот неколку пати бил реновиран низ годините, неговите темели потекнуваат од семејството на ирскиот крал Брајан Бору во раните 1000-ти години. Замокот останал во сопственост на наследниците на кралот до 1962 кога бил купен и претворен во луксузен хотел.

Хотелот се карактеризира со големи кули и прекрасни фасади кои биле додадени на екстериерот во 1830 година.

5 evropski zamoci vo koi mozete da prestojuvate 12

Внатрешноста на хотелот е исто толку импресивна и преполна со богатства од познатото важно семејство кое живееле овде. Во хотелот има спа центар и голф центар а исто така ви нуди и активности како стрелање, рибарење и јавање коњ.

Хотелот често нуди промоции ако останете 2 вечери - третата ја добивате бесплатно.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...
Кафе и лежалка 4 евра, гиро 4 евра – Како се движат цените на плажа во Неи Пори во 2024? По празникот Духовден и споениот викенд, туристите во Неи Пори велат дека веќе г...
Српска блогерка споделува: Колку пари се потребни за посета на спомениците низ Истанбул? За посета на Аја Софија ќе ви требаат 25 евра, за Токапи палатата 45... Колку па...
Предлози за викенд во Солун: Музеј на селфи, лизгалиште и забавен парк за целото семејство Топло време, чист воздух, новогодишно декориран: Солун во предновогодишна атмосф...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg