5 спонтани работи кои вреди да ги направите при крајот на летото
Полека гледаме како летото поминува. Сигурно не сте ни забележале колку брзо поминало времето, а се уште имате толку многу работи кои сте планирале да ги направите а не сте имале време.
Ако се плашите дека летото ве одминува, сега можете да престанете. Се уште имате време да направите спомени кои ќе ги паметите цел живот.
Зошто да губите повеќе време? Еве неколку работи кои можете да ги направите веднаш за да не се чувствувате како летото залудно да ви поминало:
1. Одете на непланирано патување овој викенд
Ако не сте имале прилика да избегате од градот, направете го тоа веднаш. Летото е сезона на истражувања. Дури и ако немате доволно финансии и не можете да си дозволите луксузен одмор на некое егзотично место, сепак можете да најдете начин да избегате од градот. Соберете неколку пријатели и одете на кампување, планинарење или било што, само да избегате од секојдневието.
2. Направете си Инстаграм фотосесија
Нема поубав начин да го запаметите летото од тоа да направите супер интересни фотки кои ќе ги споделувате со години подоцна. Најдете некој ѕид со графити или било каква локација која ќе ги задоволи вашите Инстаграм апетити и поминете го попладнето во сликање.
3. Направете си еднодневна екскурзија до најблиската плажа
Понекогаш планирањето може да ве спречи да стигнете до релаксирање на песочна плажа. Многу од нас сонуваат да стигнат на плажа ова лето, но цело време го одолгувлекуваат тоа. Дури иако неможете да одите на летување една недела ова лето, направете си еднодневна екскуризија со пријателите или семејството до најблиската плажа, релаксирајте се и соберете енергија за неделата што ви претстои. Пробајте да живеете во сегашноста.
4. Кажете му/ѝ на симпатијата дека ви се допаѓа
Ако имате симпатија, сега е вистинското време да соберете храброст и да и го кажете тоа. Топлото летно време е прекрасен период за заљубување и за љубовни авантури. Пробајте си ја шансата и најважно - забавувајте се.
5. Искористете ги бесплатните градски активности
Секогаш има некој интересен настан во градот. Само погледнете во градскиот календар на настани и испланирајте да одите барем на еден настан оваа недела. Независно дали е некој фестивал, театар, забава или слично. Колку е почуден настанот, толку поинтересни спомени ќе направите.
А. В. | Црнобело