10 патувања кои ќе ви го променат животот и начинот на размислување
Оној кој патува е богат и среќен човек. Не попусто се рекло - доколку сакаш да си купиш среќа, тогаш отпатувај некаде.
Постојат неколку светки локации кои дефинитивно ќе ви направат промена во животот и начинот на кој размислувате и уживате. Слободно може да се каже дека по посетата на овие 10 прекрасни места нема да бидете повеќе истите:
Кападокија, Турција
Регионот во централна Турција кој има вулканско потекло се одликува со карпести планини, а главното обележје е подземниот град стар дури 5.000 години. Балоните со топол воздух кои ја облетуваат Кападокија се глетка која ќе ви остане во најубавите спомени.
Мачу Пикчу, Перу
Можеби звучи како неверојатно клише, но дефинитивно на листата места кои ќе ви го сменат животот треба да го додадете камениот град Мачу Пикчу. Предколумбискиот град на Инките се наоѓа на 2.430 метри надморска височина на Андите во Перу.
Прованса, Франција
Познатиот регион во југоисточна Франција ќе ви ги задоволи сите сетила, она за мирис преку полињата со лаванда, она за вкус преку автентичната вкусна локална храна и вино и она за слух, каде што ќе уживате во мигот наречен тишина.
Гиза, Египет
Трите пирамиди и Големата сфинга. Треба ли да се каже нешто повеќе? И да, навистина е неверојатно топло и да, се издржува заради грандиозната глетка како една од седумте светски чуда на античкиот свет.
Маракеш, Мароко
Бучен, живописен и вистински спој на луѓе кои се капат во неверојатно богатство и луксуз и оние кои тонат во сиромаштија. Пазари, фестивали, шаренила и минарето на џамијата Котубија кое се гледа од неверојатна далечина.
Хавана, Куба
Главниот град на Куба изобилува со автентична архитектура и експлозија на колоритни бои. Задолжителна прошетка во Старата Хавана или Habanа Vieja засекогаш ќе ви ја смени перцепцијата за нешто убаво.
Пекинг, Кина
Забранетиот град кој бил царски дворец на династиите Минг и Чинг е симбол на кинеската државност ќе ве исполни со неверојатно чувство на ред и стравопочит.
Даблин, Ирска
Уште еден главен град кој не смеете да го заобиколите. Даблинскиот замок од 13 век, градските паркови и зоолошката градина во главниот град на Ирска нека ви бидат приоритет како и Националниот музеј. И нормално - пивото.
Гранада, Шпанија
За неа велат дека е душата на Шпанија. Гитари, фламенго, вино, маслинки и поезијата на Лорка. Хедонизам во вистинска смисла на зборот.
Токио, Јапонија
Вистински мегалополис, град каков што не постои на планетава. Не е само најголемиот град во Јапонија, туку и најголемиот во светот. Токио нема крај, или барем така велат. А кој не сака да го види градот кој не завршува никогаш?
(О)Милена | Црнобело