Само за најхрабрите: Сместување во колиба покрај активен вулкан (фото)
Едно ноќевање во оваа несекојдневна куќичка чини oколу 130 евра, а на своите гости им нуди – неизвесна иднина.
Би преноќиле ли во колиба што се наоѓа во непосредна близина на активен вулкан? Вулкан, кој може да еруптира во секој миг, дури си дремнувате или испивате шолја чај?
Повеќето луѓе не би се осмелиле да се впуштат во таква авантура, но за оние кои обожуваат да живеат „на работ“, ова е вистинската прилика за едно уште едно несекојдневно доживување.
„Куќата Феникс“ („Phoenix House“) е колиба сместена во подножјето на Килауеа, најактивниот вулкан на Хаваите.
Куќичката располага со само една спална соба, а е оддалечена само четири милји од вулканот, кој избувнал 66 пати, а континуирано еруптира од 1983 година.
Покрај необичната локација, имотот е и посебен сам по себе.
Неговата сопственичка го опишува како „мал минималистички дом што се изродил од лавата“, а е совршено престојувалиште за поединци, тогаш кога им е потребно време за самоиздигнување, средување на мислите и исцелување.
Куќата е со површина од 45 метри квадратни, а е комплетно опремена за само еден гостин – со кујничка, дневен престој, бања и спална соба во поткројвето, додека преку големите прозорци е комплетно отворена кон надворешноста и природното опкружување.
Близу до неа е и океанот, за патниците кои повеќе го преферираат синилото на морето, отколку морето од лава. Згора на сè, нуди и брз Wi-Fi интернет, за оние кои не би можеле да го посетат, а да се чекираат на Фејсбук или направат објава на Инстаграм од самото место.
Звучи примамливо, нели?
М. А. | Црнобело