Преубав напуштен дворец во Беочин, Србија

Дворецот кој во Србија е познат како дворецот на семејството Шпицер, е изграден во 1898 година. Во тоа време бил во сопственост на угледното семејство Шпицер, кои биле сопственици на фабриката за цемент во Беочин.

preubav-napusten-dvorec-vo-beocin-srbija-001.jpg

Дворецот уште тогаш бил дизајниран со цел да се покаже социјалниот статус на семејството.

На фасадата можат да се забележат секакви стилови - од готски до ренесансен и барокен, што ја покажуваат историјата на дворецот и како новите генерации што живееле во него, сакале да го вклопат стилот на времето во кое живееле.

preubav-napusten-dvorec-vo-beocin-srbija-2_copy.jpg

Посебна вредност на дворецот му дава ентериерот и преубавиот ходник. Во него има огромен камин направен по специфични нацрти. Ѕидовите во ходникот се полни со историски орнаменти.

preubav-napusten-dvorec-vo-spicer-srbija-3_copy.jpg

Денес објектот е напуштен и нема никаква намена. До одреден период служел како библиотека, дом за војни инвалиди и ресторан, а потоа е напуштен и почнува да се распаѓа. На дворецот не стојат веќе ни вратите ни прозорците, а и кровот веќе попушта.

preubav-napusten-dvorec-vo-beocin-srbija-4_copy.jpg

Според сведочења на локалците, семејството Шпицер во текот на Втората светска војна го напуштиле дворецот и се преселиле во Германија, каде и до ден денес живеат потомците. За време на војната дворецот бил користен од нацисти како команден штаб.

preubav-napusten-dvorec-vo-beocin-srbija-5_copy.jpg

Дворецот бил инспирација и за филмски уметници како Клинт Иствуд и Емир Костурица, кои се вљубиле во необичниот изгледот на местото, па имале снимено во него и неколку филмски кадри.

preubav-napusten-dvorec-vo-beocin-srbija-1_copy.jpg

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
Обичаи при посета на манастирот Острог во Црна Гора - што треба да понесете и како да се однесувате? Во манастирот не се доаѓа со голи раце и нозе. Верниците ги оставаат своите личн...
Паролдо: Вошебно италијанско село во кое се верува дека живеат вештерки (фото) Паролдо има околу 230 жители, а постојат легенди дека во волшебното село живееле...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Кафе и лежалка 4 евра, гиро 4 евра – Како се движат цените на плажа во Неи Пори во 2024? По празникот Духовден и споениот викенд, туристите во Неи Пори велат дека веќе г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg