Двете француски селца кои биле инспирација за „Убавицата и Ѕверот”

Пред Бела да го скроти ѕверот и да заглави во убавата палата, живееше во едно магично селце каде што ги поминуваше деновите читајќи и фантазирајќи за живот од бајките.

dvete-francuski-selca-koi-bile-inspiracija-za-ubavicata-i-dzverot-001.jpg

За преубавото место каде што таа живееше, креаторите од Дизни црпеле инспирација од две француски селца оддалечени едно од друго не повеќе од 10 километри.

Средновековните селца Riquewihr и Ribeauvillé изгледаат како да се слика од некоја бајка. Преполни со весели куќи во секакви бои, фонтани, антички продавници со свеќи, кукли, часовници и чинии кои можеби и оживуваат преку вечер.

Книгите на Бела можете да ги најдете во локалната библиотека, а исто така постои и пекарата каде што локалците секој ден купуваа багети во анимираниот филм.

Ако сакате вистински да ја доживеете магијата на овие места, можете да лутате цел ден во околината и накрај да спиете во еден од замоците што ги опкружуваат овие селца.

Можеби нема да го запознаете Ѕверот, но тоа нема да ви недостасува кога можете да го поминете денот со најквалитетните вина од околината, француски сирења, спа и џакузи во замок.

На крај на краиштата на кого му треба претенциозен принц маскиран во ѕвер, кој живее во екставагантна палата покрај сите овие убавини:

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Фотки поради кои ќе посакате веднаш да отпатувате во Швајцарија Зеленило, планини и селца кои изгледаат како од некоја бајка – Швајцарија дефини...
Предлози за викенд во Солун: Музеј на селфи, лизгалиште и забавен парк за целото семејство Топло време, чист воздух, новогодишно декориран: Солун во предновогодишна атмосф...
Српска блогерка споделува: Колку пари се потребни за посета на спомениците низ Истанбул? За посета на Аја Софија ќе ви требаат 25 евра, за Токапи палатата 45... Колку па...
10 причини да го посетите грчкиот остров Крф Богата историја со многу знаменитости, архитектура во венецијански стил која ќе ...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg