Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Непознат рај на Земјата

nepoznat-raj-na-zemjata-povekjeAmatciems е сместен на 80km од Рига, латвијската престолнина. Ако сакате да купите куќа на осамено, слабо познато место на светот – ова е место за вас.

 

За помалку од 200.000 евра можете да купите куќа во природниот рај со неопислива убавина. На Amatciems нема асфалтирани улици.

nepoznat-raj-na-zemjata-1

Местата за изградба на куќи се бираат за да може да се вклопат во моменталниот изглед на Amatciems.

nepoznat-raj-na-zemjata-3

При изградбата се води сметка, новата куќа никако да не го нагрди природниот изглед на околината и мора да овозможи на сопственикот уживање во неговиот дел од шумата и природниот резервоар со слатка вода.

nepoznat-raj-na-zemjata-4

Дозволени се неколку начини на градење: изградбата почнува од дрвени трупци, комбинација од трупци и природен камен, обложување со украсно дрво и украсување на надворешните ѕидови со украсно стакло.

nepoznat-raj-na-zemjata-5

Секое домаќинство е приклучено со мрежата за јавни услуги – водовод, канализација, струја и оптички кабли.

nepoznat-raj-na-zemjata-7

Amatciems има сопствени резерви на вода – бари, езера и поточиња. Акумулациите се меѓусебно споени, така што за време на врнежливи периоди водата се слива од еден во друг дел – и на тој начин се избегнува опасноста од поплави.

nepoznat-raj-na-zemjata-6

Мештаните можат да се восхитуваат на елените и срните, лисиците, птиците и другите животни кои слободно се движат во ова подрачје, или да поминуваат време во прошетка низ шумата во потрага по шумски плодови кои растат насекаде.

nepoznat-raj-na-zemjata-8

Ова е совршено место за оние кои сакаат да побегнат од градскиот метеж и да уживаат во мирот и убавините на природата.

Звучи совршено, нели?

Би можело да ве интересира:

5 најубави кампови на Халкидики, идеални за семеен одмор или летување со друштво Ако досега никогаш не сте летувале во камп, ви препорачуваме 5 кампа кои се наоѓ...
12 причини зошто би сакала да се родев во Италија За да пијам вино во Тоскана, да јадам каноли од кои тече крем од ф'стак на Сицил...
„Ги посетив сите држави во Европа - Бугарија ме разочара, Црна Гора ми е најпозитивно изненадување“ „Италија ми е омилена. Секој може да си ја дозволи, иако не е најевтина. Пејзажи...
Гратче во Италија со куќички како од бајка - Зошто да го посетите Алберобело? Кога ќе прошетате низ тесните улички и ќе ги погледнете белите куќи со конусни п...
Најубавите и најпопуларните дестинации за 2025-та, според Tripadvisor Лондон е прогласен за најдобра дестинација и во Европа, и во светот, додека на л...
Магично селце на Алпите е сцена од бајките (фото) На граница помеѓу Италија, Австрија и Словенија, со измешани култури и спектакул...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg