Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Мостот на воздишките

mostot-na-vozdiskite-povekjeМостот на воздишките е еден од многуте мостови во градот на романтиката – Венеција. Легендата вели дека мостот го добил името по воздишките на...

 

...вљубените кои се бакнувале за време на залезот на сонцето.

Вистината е сепак малку поинаква и потажна.

Мостот е изграден во 17-тиот век со намена да ги поврзува стариот затвор, сместен во Дуждевата палата и новиот, одма преку реката.

Големиот англиски романтичар, Лорд Бајрон, ја популаризирал приказната дека прошетката по овој мост била последен поглед кон слободата за многу затвореници кои биле погубени и воздивнувале за последен пат гледајќи го надворешниот свет.

Но, во времето кога мостот е изграден инквизицијата веќе била минато. Сепак, многумина го поминале остатокот од животот во затвор па затоа и името на мостот не ја изгубило смислата.

Еден од ретките затвореници кои успеале да побегнат од строго чуваниот затвор, е славниот љубовник Казанова.

Интересно е дека постојат две копии на овој мост и тоа и двете во Англија. Едната е во Оксфорд, а другата во Кембриџ. Сепак ниту една копија не може да ја долови атмосферата од Венеција.

mostot-na-vozdiskite

Би можело да ве интересира:

„Ги посетив сите држави во Европа - Бугарија ме разочара, Црна Гора ми е најпозитивно изненадување“ „Италија ми е омилена. Секој може да си ја дозволи, иако не е најевтина. Пејзажи...
10 места низ Македонија каде може да се разладите покрај река на горештините Македонија изобилува со природни убавини, а реките и водопадите се идеално место...
Планинско бегство: Предлог дестинации за зимска идила во Македонија и околината Еднодневна тура до Попова Шапка, викенд во Маврово, подолго патување во ски цент...
Традиционални (летни) специјалитети што треба да ги пробате низ Европа Полнети пиперки и домати во Грција и препознатливиот сладолед во Турција – кои (...
Скриени места во Европа што вреди да се посетат (пред сите да дознаат за нив) Ако сте од оние луѓе на кои им пречи метежот на познатите дестинации, тогаш овие...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg