Зошто Венеција ќе исчезне до 2030-тата година?
Венеција се бори со нивоата на растење на водите уште од 5-иот век. За жал, денес се чини дека водата ја добива битката. Неколку фактори се виновни за оваа тажна приказна на еден од најубавите и најромантични градови во светотот. Еден од тие фактори е и феноменот попознат како aqua alta кој се јавува од октомври до доцната зима. Имено, водата од Јадранското море благодарение на плимите и осеките многу повеќе надоаѓа во лагуната на Венеција.
Така овој прекрасен град веројатно ќе мора да го измени својот првобитен прекар од Лебдечкиот град во тонечкиот град. Физички тоне 5 пати повеќе од тоа што предходно се сметало.
И покрај тоа што временските и геолошките фактори не се на страната на овој град, има еден фактор кој ќе ги испразни улиците на овој град многу побргу од поплавите. Секако дека станува збор за човечкиот фактор.
Пред приближно три децении градот бил исполнет со точно 120.000 жители. Денес брои само 55.000. Оваа бројка јасно покажува дека градот полека осамнува. Вушност се предвидува дека до 2030 година градот ќе биде потполно празен. Причина се парите.
Во Венеција годишно минуваат дури 20 милиони туристи, но многу мал дел од нив всушност трошат во самиот град. Само половина од посетителите остануваат да спијат во некои од хотелите, и ретко кој се одлучува да седне во некои од рестораните. Многу по веројатно дека ќе се одлучат за брз сендвич подготвен попратно.
Што се однесува до гондолите, многу е мала веројатноста дека младоженците кои дошле овде на меден месец ќе се предомислат за идеата сами да запловат низ азурно зелените канали на Венеција.
Таков е случајот и со кафето и пијалаците. Седум туристи од Рим биле неверојатно зачудени и непријатно изненадени од сметката која ја добиле. Познатиот кафе бар „Лавена“ на плоштадот Св. Марко е местото каде композиторот Ричард Вагнер секое утро го пиел своето кафе во 1883. Туристите добиле сметка од дури 100 евра за само 4 кафиња и 3 ликери.
Не е ни случајно што жителите на Венеција секоја година, колку и да расте бројот на туристи, се во губиток. Како што вели Диего Рендолфи еден од гондолиерите кој веќе 15 години ги вози туритите по каналите, 131.000 евра не ти се доволни за стан во Венеција.