Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Патувајте ефтино во Европа

patuvajte-eftino-vo-evropa-povekjeЦените на хотелското сместување низ Европа значително се паднати. Според Hotel Price Index двокреветните соби во просек чинат 24% помалку...

 

...од минатата година. Доколку вашиот буџет дозволува едно есенско патување, а сакате и да разгледате некој европски атрактивен град размислете за следниве поволни дестинации:

1. Рига

Главниот град на Латвија, воедно е културен, образовен, политички, финансиски и индустриски центар на Балтикот.

Стариот дел на градот е посебно убав во средината на октомври кога се одржува Старорига - фестивал на светлата.

Температурата во Рига во овој период е околу 11 степени целзиусови. Хотелско спиење со доручек за двајца во хотел со 4 ѕвездички е околу 57 евра.

patuvajte-eftino-vo-evropa-riga

2. Талин

Главниот град на Естонија има 400.00 жители, а најголем број посетители привлекува божиќниот саем од 29.11 - 07.01.

Цените во просек се пониски за 11% од минатата година, а ноќевање во хотел со 4 ѕвезди за двајца е околу 67 евра.

patuvajte-eftino-vo-evropa-talin

3. Прага

Најстариот и најголемиот град во средна Европа е преполн со знаменитости.

Од Карловиот мост и Прашкиот дворец до старите улици, Златниот град - ретко кого оставаат рамнодушен.

Посебно доживуввање за љубителите на џезот е вечер помината во еден од клубовите каде секојдневно има концерти во живо.

patuvajte-eftino-vo-evropa-praga

4. Будимпешта

Главниот град на Унгарија најатрактивно е да го разгледате со новиот неодамна воведен мултифункционален туристички автобус кој вози по улица и плови по Дунав.

На обалата на Дунав разгледалте ги прекрасните згради како Парламентот и Академијата на науките, а доживување е и разгледувањето на Меморијалниот парк со 40-тина скулптури од времето на социјализмот.

patuvajte-eftino-vo-evropa-budapest

5. Краков

Иако не е главен град на Полска, Краков многумина го сметаат за најубав град на оваа држава.

Богат е со градби кои вметнуваат романтика, готика, ренесанса, и барок, а речиси на секој агол туристите можат да најдат добра забава и возбудлив провод.

patuvajte-eftino-vo-evropa-krakov

Би можело да ве интересира:

Празничната магија во Стразбур и еден од најстарите новогодишни базари, низ објективот на инстаграмџ... Не залудно Стразбур е нарекуван „престолнината на Божиќ“ – овде ќе го видите нај...
7 места во Прилеп и околината што треба да ги видите барем еднаш во животот Македонија има преубави места, споменици, локалитети и природа од која застанува...
Ако годината се познава по Св. Игнат - мојата ќе биде за Солун, патувања и честење кафе Старите велат „што правиш на 2 јануари - ќе правиш цела година“. Што правевте вч...
10 најубави плажи на Јонските Острови во Грција Љубителите на кристално чисто море во тиркизна нијанса нема да погрешат доколку ...
Топ 8 европски дестинации, за патувачи кои ја сакаат зимата, а не скијаат Зимско бегство во Златибор, или уживање во луксуз во Цермат, Швајцарија, но и во...
Обичаи при посета на манастирот Острог во Црна Гора - што треба да понесете и како да се однесувате? Во манастирот не се доаѓа со голи раце и нозе. Верниците ги оставаат своите личн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg