Вака изгледа одморот во најскапите хотели низ светот (фото)
Сигурно сите посакуваат да можат да си дозволат убави луксузен годишен одмор, покрај кристално сина вода, песочна плажа и со сите удобности во хотелот каде престојуваат.
Но, некои места имаат екстремно високи цени кои можат да си ги дозволат само вистински милионери. Па дури и доколку би биле толку многу богати, сметате дека за една вечер би платиле 5000 евра за да преспиете во хотел?
Двата најскапи хотели во светот се наоѓаат на Сејшелските Острови во Индискиот Океан. Двокреветна соба во хотелот North Island Lodge чини 5.000 евра за една вечер.
На второто место според цената е уште еден хотел на истото место, Fregate Island каде една ноќ чини 3.900 евра.
Трет по ред е Laucala Resort на Фиџи, каде за двокреветна соба треба да издвоите 3.7000 евра.
Луксузот и убавината се несомнени на овие места, а уживањето ви е гарантирано.
Погледнете како изгледаат најскапите хотели во светот: