Откријте ја магијата на архипелагот со над 1000 острови

Архипелаг составен од 1864 острови кој се наоѓа на канадската граница кај реката Сент Лоренс на најсеверниот дел од езерото Онтарио, претставува едно од најинтересните туристички места. Особено за оние кои сакаат да се оддалечат од секојдневието и единствен поглед да им биде водата.

otkrijte-ja-magijata-na-arhipelagot-so-nad-1000-ostrovi-01

Сите острови се според критериумите кои подразбираат најмалку 1 квадратен метар површина, минимум 1 година да бидат опкружени со вода и да имаат барем 1 живо дрво.

Најголемиот од овие острови е долг 29 км има околу 1400 луѓе коишто го населуваат. Најмалиот остров пак, според неговото име „Just room enough“ може да се заклучи дека е големо колку една соба.

На него има буквално само една мала куќичка со ограда. До овие островчиња може да се стигне само по воден пат со бротчиња, а меѓусебно се поврзани со подводни кабли за хидроелектрична енергија и телефонски врски.

Изгледаат навистина интересно и даваат вистинска можност за да избегате од светот и да се одморите на остров каде ќе бидете буквално сами, доколку не сакате да комуницирате со луѓето од другите острови.

Може да отидете на островите со една мала и скромна куќичка или со голем дворец. Места за вистинско уживање.

Би можело да ве интересира:

Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
4 европски острови кои вреди да ги посетите според Forbes: Хвар во Хрватска е на прво место Кои 4 европски острови вреди да се посетат според Forbes? Кои од нив се релативн...
10 причини да го посетите грчкиот остров Крф Богата историја со многу знаменитости, архитектура во венецијански стил која ќе ...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg