Предности на кампувањето во однос на хотел
Кога се избира престојот каде што ќе се помине одморот, луѓето најчесто одбираат хотел. Пред да се одлучите за очигледната варијанта, ви приложуваме 5 причини зошто да одберете кампување наместо престој во хотел.
Директен контакт со природата
Најголема предност кога кампувате, е тоа што сте во директен контакт со природата. Кога престојувате во хотел, потребен е свесен напор за да се поврзете со природата. За разлика од таа ситуација, камперите се опкружени со зеленило и природа и донесуваат одлуки без напор.
Повеќе време со семејството
Семејното кампување е одличен начин со кој сите членови можат да поминат повеќе време заедно. Самата атмосфера на кампувањето, потребата да се биде организиран, да се комуницира и да се делат многу работи е добра идеја како да се зближи семејството. Во хотелски услови често сите се одвоени и не поминуваат многу време заедно, па затоа кампувањето може да биде одлично семејно искуство.
Камперски направи
Во последно време кампувањето станува уште повозбудливо. Причината е тоа што постојат голем број на одлични направи, кои го прават кампувањето полесно и позабавно. Листата на овие направи е долга: соларен погон за полначи, апликации за паметни телефони, мобилни кујни, повеќенаменски ламби, радија итн. Сите заедно овозможуваат сигурен и забавен камперски одмор, како и повеќе авантури, отколку седење во хотелска соба и губење време на активности како гледање телевизиски програми кои често не ни ги разбираме.
Современи места за кампување
Голем стереотип е тоа што луѓето сметаат дека ако кампуваш си осуден на минимални објекти за забава. Тоа не е вистина. Современите места за кампување се опремени со различни објекти, базени, детски игралишта, ресторани, барови, спортски објекти, спа третман објекти слично.
Најдобриот дел е тоа што овие објекти се поевтини од стандардните хотелските услуги. Затоа и се' повеќе луѓе се одлучуваат да одат на ваков тип на одмор, кој дури и со целосната опрема и направи е многу поекономичен од одмор во хотел.
Истражувачки дух
Ако одите на одмор и често се жалите дека не сте виделе и истражиле дел од околината во која сте престојувале, кампувањето е решение за тоа. Самиот престој во природата ви овозможува директно поврзување со неа, а воедно и ја поедноставува можноста за истражување.
Најважно - Дружбата во камп е незаборавна!