Опојниот, незаменлив вкус на „Големото јаболко”

Се сеќавате на сцената кога во една романтична прошетка низ Менхетен, Кери Бредшо и раскажува на Саманта како нејзиното момче сака да се отсели од Њујорк заедно со неа? Русокосата на високи потпетици навистина загрижено праша: „Но, каде освен Њујорк?”

opojniot-nezamenliv-vkus-na-golemoto-jabolko-01

Често произлегува дека животот надвор од Њујорк е просто невозможен и опојниот вкус на “Големото јаболко” е навистина опоен и неповторлив.

Сепак, популарната серија Сексот и градот не е единствена заслужна за неговата слава или попрецизно, митската аура на овој град трае многу подолго.

Уште Лајза Минели пееше „Њујорк, Њујорк” а многу се трудеа да ја пронајдат дефиницијата за неговата енигматична привлечност, да разоткријат и прецизираат што е толку магично во него.

Најдобрите одговори се сочувани во книгите, на платина или пак во приватните дневници, но конечната дефиниција никогаш не е пронајдена.

Изгледа во тоа и е суштината. Њујорк е неспорно една огромна метропола, а метрополата не би била она што е доколку може да ја собере во една проста дефиниција.

Њујорк отсекогаш бил она што обично се нарекува “melting pot” - место на многу различни националности и култури. Во еден патопис стои дека Њујорк во суштина не и припаѓа на ниту една држава во светот и дека космополитизмот е неговата срж. Можеби токму затоа се наоѓа меѓу првите пет дестинации на сечија листа.

Мириси, звуци и бои, културни бродвејски претстави, грандиозни телевизиски студија, гламурозната аура на Менхетен, возење со такси кое е ритуал само по себе - со еден збор Њујорк. Тој ви ја наметнува неговата енергија, па затоа просто не сакате да се разделите од него. Тоа е градот кој секојдневно ве потсетува дека сте живи.

opojniot-nezamenliv-vkus-na-golemoto-jabolko-03

Областа на која се наоѓа Њујорк денес, во мапите е внесена дури во 1609 година. Нешто подоцна, во 1613 година е наречен Новиот Амстердам, бидејќи холандските трговци на крзно овде основале своја колонија и тоа место се наоѓа токму на денешен Менхетен.

Според легендата, која е одамна побиена, Менхетен е купен за стаклени перли во вредност од $24 долари.

Во 1664 година, Британците го освојуваат овој град и му го даваат името, по англискиот војвода од Јорк.

Имиграцијата во Њујорк секогаш била неверојатно голема, за што сведочи и густото население кое се предвидува дека до 2025 година ќе се зголеми на цели 9,4 милиони жители.

opojniot-nezamenliv-vkus-na-golemoto-jabolko-04

Менхетен е најелитниот дел на Њујорк и можеби токму затоа има извесна доза на супериорност и презир кон оние кои тука живеат. Сепак, не е ништо случајно, па ниту тоа што Менхетен е главното обележје на Њујорк.

Empire State Building е зградата висока 102 ката која со неверојатниот поглед кој ви го одзема здивот дневно носи преку 40.000 посетители. Тука се наоѓа и фамозната Катедрала на светиот Патрик, во која се венчани Жаклина и Џон Кенеди.

Бројните филмови, од кои некои се прави ремек дела, романите и патописите се заслужни за славата и митологијата на Њујорк.

Токму посетата на Метрополитен музејот, ноќта помината во Сохо клуб, разговорот со проститутката на некој булевар, но и мирисот на овој град во зорите, како и звукот на саксофон од некој подрумски бар го натераа Стинг да го создаде ова безвременско дело.

Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Локал близу IKEA во Солун со коктел бар, плажа и детско игралиште - за со друштво или со деца (фото)... На излезот од Солун, во близина на IKEA се наоѓа Ergon Agora, уникатен локал кој...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија - на 270km од Скопје Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Плажата на огледалата (Pas...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg