„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како кај нас“
Потоа, следниот ден го посетивме замокот Корвин, на околу 150 километри од Темишвар.
Грандиозно дело кое ве застрашува и восхитува со својата појава. Овој готски замок во Трансилванија е како сцена од мрачна бајка.
Станува збор за една од најголемите и најимпресивни градби во Европа. Таму се снимале и сцени за хорор филмот „The Nun“.
Фотографиите оттаму ќе ви раскажат доволно:
Уште исто толку километри понатаму, во романската област Трансилванија, нè пречека и градот Сибиу.
Улици со калдрма, шарени згради, градби од кои ве ѕиркаат очи... Да, буквално градби со очи, односно со мали прозорчиња на покривите, кои ви даваат чувство дека сте набљудувани.
Сибиу е главен град на областа Трансилванија и таму со векови се мешаат влијанијата на Германците (Саксонците), Романците и Унгарците.