5 најубави кампови на Халкидики, идеални за семеен одмор или летување со друштво

Anamour Camping

На вториот крак, во близина на Торони, се наоѓа кампот Anamour Camping. Овој камп нуди сместување во монтажни куќички кои излегуваат на самата плажа и имаат сопствен двор.

Опремени се со фрижидер, шпорет и сите потребни елементи за да се чувствувате како дома.

Низ целиот камп има бесплатен интернет.

Идеален е за летување со мали деца, бидејќи водата е плитка, а плажата песочна.

Во јуни и септември, цената од човек е 9 евра од ден, со тоа што мора да резервирате најмалку 5 ноќи.

View this post on Instagram

A post shared by Anamour Camping (@anamourcamp)

View this post on Instagram

A post shared by Anamour Camping (@anamourcamp)

Ouranoupoli camping & bungalows

Кампот Ouranoupoli camping & bungalows се наоѓа во Оранополис, на првиот крак на Халкидики. Лоциран е на мала плажа со смарагдно зелена вода на морето.

Нема многу простор за приколки, поради што е поинтимен и помал од останатите кампови, ниту пак има гужва на плажата.

Тука можете сами да си донесете приколка или да резервирате бунгалов.

Бунгаловите за 4 лица во висока сезона чинат 125 евра од ден.

А, ако сакате да поставите сопствена приколка, тоа ќе ве чини 11,5 евра од вечер за приколката и дополнителни 5 евра по вечер за секој човек сместен во неа.

Поставувањето шатор е 9,5 евра, паркингот се наплаќа 5,5 евра, а за да добиете приклучок до електрична енергија ќе треба да платите 4,5 евра од ден.

5-najubavi-kampovi-na-halkidiki-idealni-za-semeen-odmor-ili-letuvanje-so-drushtvo-04.jpg

5-najubavi-kampovi-na-halkidiki-idealni-za-semeen-odmor-ili-letuvanje-so-drushtvo-03.jpg

5-najubavi-kampovi-na-halkidiki-idealni-za-semeen-odmor-ili-letuvanje-so-drushtvo-02.jpgфото: Фејсбук

Camping Castello

На вториот крак, на само 3km од Неос Мармарас се наоѓа кампот Camping Castello.

Идеален е за семеен одмор, а нуди сместување во приколки, шатори, апартмани или камп куќарки.

Овој камп постои 30 години, има мини маркет, нуди можност за спортски активности.

Цената за еден ден, за двајца во приколка е 70 евра.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
50 евра по човек за лежалки во прв ред во Пефкохори: Како се движат цените на Халкидики годинава? Условите во баровите на плажа во Грција се значително сменети годинава. Ако неко...
8 најубави плажи во Хрватска за одмор со мали деца На кои плажи во Хрватска морето е најчисто, плитко, а има и голем број активност...
Ќе ве качиме во „кајчето на Лихнида“ и ќе ве одведеме до петте најубави локации во нашиот бисер Охри... Рибарите ги прибираа мрежите. А езерото мирно, душа да си одмориш. И додека убав...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg