5 најубави кампови на Халкидики, идеални за семеен одмор или летување со друштво
Ако досега никогаш не сте летувале во камп, ви препорачуваме 5 кампа кои се наоѓаат на Халкидики во Грција, а кои нудат можност за еден поинаков, но сепак, совршен одмор...
Хотелите со all inclusive нудат летување на кое не мора да се грижите за ништо, а сместувањето во апартмани или изнајмени куќи дава поинаква приватност...
Но, летувањето во камп има посебен шарм кој мора да го искусите барем еднаш во животот.
Сигурно сте запознале луѓе кои целиот свој живот летуваат во кампови, во приколки или во шатори. Истите тие ќе ви кажат дека слободата и убавината на кампот никогаш не би ја замениле за соба во хотел со 5 ѕвезди.
Па, ако сакате да доживеете поинакво летување, она во камп, или ако и понатаму не сте решиле каде би сакале да одите ова лето, а вашата дестинација сепак да е Грција, прочитајте кои се едни од најубавите и најпопуларни кампови на Халкидики.
Овие кампови нудат одлични услови за сместување, имаат продавнички, бич барови, бесплатен интернет, паркинг за автомобилот, а во некои постои можност сами да си донесете шатор или приколка.
Кои се најубавите кампови на Халкидики?
Armenistis Camping & Bungalows
На вториот крак, во близина на Сарти, се наоѓа Armenistis Camping & Bungalows.
Кампот е сместен на долга песочна плажа, а приколките и бунгаловите се поставени на плажа, но и под природна сенка на многуте дрвја.
Во овој камп можете да си донесете и своја приколка.
Цената за изнајмување бунгалов или приколка за еден ден во кампот во јули и август чини околу 50 евра.
Thalatta Kalamitsi Village Camp
Кампот Thalatta Kalamitsi Village Camp се наоѓа во близина на селцето Каламици, на вториот крак на Халкидики.
Сместен под борова шума, кампот нуди можност самите да си поставите шатор или приколка, или да изнајмите приколка, дрвена куќарка или шатор, зависно од вашите желби.
Самиот камп излегува на песочна плажа на залив, а водата е чиста, на почетокот плитка, па погоден е и за летување со деца.
Освен неколкуте продавнички и големиот бар на плажа со лежалки, кампот има и базен, но и бина, каде што повремено се одржуваат забави.
Освен оние што летуваат тука, на плажата во кампот може да дојдат и гости однадвор, но плаќаат дневна влезница.
Приколка за 4 луѓе во висока сезона е 120 евра од ден, а за да поставите шатор во кампот ќе ве чини 30 евра од ден.