Имате друштво спремно за авантура?
За малку да ве стоплиме и „освежиме“ во овие снежни зимски денови, ви претставуваме една интересна авантура која може да ја планирате за летово.
Секое лето голем број туристи го посетуваат Sliding rock, каде е лоциран еден од најубавите и уникатен природен планински водопад. Лоциран е во Писга Шумата во близина на Ешвил, Северна Каролина.
Овде луѓето доаѓаат за да се лизгаат низ овој карпест водопад. Иако водата е прилично студена, посетителите трпеливо чекаат во ред за уникатно доживување – еден по еден.
Во топ летна сезона, има и чувари кои внимаваат на оваа забава. 11.000 галони вода течат преку карпата секоја минута и прават вистинско возбудливо доживување.