Плажи на Кипар што вреди да се посетат (и што треба да знаете за нив)
Кои се најпосетените плажи на Кипар, а за кои малкумина знаат? Во продолжение издвојуваме неколку плажи на Кипар за сечиј вкус.
Кипар, во изминатите неколку години станува атрактивна туристичка дестинација за нашите и за туристите од регионот.
Островот е поделен на два дела, каде на јужниот дел живеат Кипарските Грци, а на северниот Кипарските Турци.
Сепак, островот е вистински рај за туристите, а освен големиот број сместувачки капацитети, тој изобилува и со некои од најубавите плажи, што вреди да се посетат.
Кои се најпопуларните плажи на Кипар?
Fig Tree Beach
Дефинитивно ова е една од најпознатите плажи во Кипар, која е сместена во најпознатиот ресорт Protaras.
Таа ги примамува туристите со кристално чистите води на Средоземното Море и со златните песоци.
Makronissos Beach
Ова е можеби најпознатата плажа во Аја Напа.
Идеална е за семејства заради плиткото море и ситниот песок, а е привлечна како за туристите, така и за локалното население.
Latsi Beach
Се наоѓа во областа Пафос, но поблиску е до гратчето Полис Крисокуос.
Станува збор за плажа која не е многу позната за туристите, а е мешавина од златен песок и камчиња.
Се вели дека оваа плажа е одличен избор за сите оние што сакаат да побегнат од гужви и премногу туристи.