Плажи на Кипар што вреди да се посетат (и што треба да знаете за нив)
Konnos Beach
Уште една плажа која е одлична за оние што сакаат да побегнат од гужви, а се наоѓа во близина на Аја Напа.
Оваа плажа е сместена во мал залив, па заради тоа е заштитена од големи бранови. Местото сѐ уште не е премногу урбанизирано, а во негова близина има само еден хотел и мало кафуле.
Pissouri Beach
Сместена во заливот Писури, оваа плажа во последните неколку години станува мошне популарна заради природната убавина, но и големиот број хотели и одморалишта во близина.
Плажата е со златни песоци и камчиња во разни бои, а посебно внимание привлекуваат белите карпи на Cape Aspro што се наоѓаат во близина.
Petra tou Romiou
Petra tou Romiou е позната и како Aphorodite’s Rock (Карпата на Афродита), a според митологијата се верува дека токму тука, на оваа плажа од пената била родена грчката божица на љубовта.
Иако станува збор за преубава плажа, во деновите кога има силни ветрови на туристите не им се препорачува пливање. Исто така, неискусните пливачи треба да бидат особено внимателни.
Плажата не е урбанизирана, па ако сакате денот да го поминете таму, потребно е со вас да си понесете столчиња и чадори.
https://www.instagram.com/p/C6GixeVtC4Z/?locale=en-us
Green Bay Beach
Станува збор за уште една изолирана плажа, каде може да се ужива во нуркање.
Б. С. Б. | Црнобело