Туристички замки што треба да ги избегнувате во Европа, според локалци
„Во Брисел, избегнувајте ја улицата Rue des Bouchers и околното соседство.
Туристите мислат дека се во лавиринт од убави улици за пешачење, но овде се наоѓаат најлошите ресторани во градот.
Менијата се напишани на 12 различни јазици, а келнерите пробуваат да ве натераат да влезете внатре. И, цените се огромни“.
„Замокот на Дракула во Романија. Изгледа како секој друг замок на планините во Трансилванија, само влезот е поскап и има многу повеќе метеж“.
„Во Исланд, Сината Лагуна. Влезот е многу скап (40-60 евра) за држава во која има многу природни топли извори. Не е само влезот, туку и другите работи се скапи – од масажи, до храна“.
„Совет од Италијанец кој не одел често во Венеција. Многу е скапо. Не планирајте да пазарите овде и избегнувајте ги рестораните.
Исто така, не порачувајте риба или морска храна à la carte. Рестораните постојано ги мамат туристите да потрошат стотици евра, бидејќи на менито со ситни букви е напишано дека цената е за 100 грама, а не за една порција“.
„Во Шпанија, избегнувајте ресторани кои служат паеља за вечера. Овде јадеме паеља само за ручек.
Ако пред ресторанот има фотографии од храната, тоа е уште еден лош знак“.
„Во Атина, целиот пазар Monastiraki во близина на Акропол е полн со продавници со скапи и неквалитетни сувенири. Исто така, има многу џепчии на плоштадот. Подобро не застанувајте овде“.
Спирова С. | Црнобело