Чунгкинг во Кина е најлудиот град во светот – На покривите има бензински пумпи (видео)
Ако некогаш го посетите Чунгкинг, ќе имате чувство како да сте зачекориле во место од научнофантастичен филм - згради пловат во река, возови минуваат низ зградите. Но тука, тоа е сепак реалност.
Чунгкинг се смета за еден од најлудите градови во светот.
Тој привлекува внимание со своите футуристички карактеристики, но и по работите што се несвојствени за повеќето градови, на пример возовите кои поминуваат низ зградите...
Ако некогаш го посетите Чунгкинг, ќе имате чувство како да сте зачекориле во место од научнофантастичен филм - згради пловат во река, возови минуваат низ зградите. Но тука, тоа е сепак реалност.
На Инстаграм профилот Infinitix_yt е објавено видео, на кое може да се видат дел од необичните работи што ги има овој град.
Па така, освен пругите кои минуваат низ згради и зградата која плови во реката, може да се видат и бензински пумпи кои се направени на покривите на зградите, а не на улица, како секаде во светот.
Чунгкинг ја има и една од најдлабоките подземни железници во светот, па за да стигнете до метрото, треба да се спуштите 94 метри под земја, што е приближно колку висина на зграда која има 31 кат.
Градот ја има и една од најкомплицираните патни мрежи, со десетици ленти и исклучувања.
На видеото што се споделува на Инстаграм може да се види и интересна ситуација - девојка која шета на плоштад, доаѓа до работ на оградата, по што сфаќате дека се наоѓа на врв на 20-катица.
Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело / фото: depositphotos.com