Виолинистката Ева Богоевска бремена на одмор на Малдиви: „Не ми беше сеедно кога ме допираа ајкули“
„Морам да признаам дека воопшто не ми беше сеедно кога чувствував како ајкулите ме допираа и пливаа покрај мене“ – вели во изјава за CRNOBELO.com виолинистката Ева Богоевска која за празниците беше на „babymoon“ на Малдиви, а покрај тоа што уживала во кристалната бистра вода и убавините на островите, одлучила и да се нурне меѓу јато ајкули.
Виолинистката Ева Богоевска и нејзиниот партнер Антонио Костевски за време на новогодишните празници беа на одмор на Малдивите, а овој пат и со посебна причина.
Додека го очекуваат своето прво дете, тие двајца одлучија да ја искористат можноста да отпатуваат на оваа егзотична локација и таму да го поминат нивниот т.н. бејбимун (babymoon).
Ева на своите профили на социјалните мрежи објави повеќе фотки и видеа од патувањето, а во изјава за CRNOBELO.com откри какво било чувството новогодишните празници да ги помине таму и што е она што ѝ оставило најголем впечаток.
„Патувањето на егзотични и топли дестинации во зима за мене претставува посебно задоволство и уникатно искуство. Локалците на Малдивите беа исклучително гостопримливи и љубезни, едноставно се потрудија да ни го направат нашиот 'babymoon' незаборавен.
Посебен впечаток ми остави кристалната боја на вода, белиот песок, како и исклучително високите палми и тропската вегетација која не може да остави никој рамнодушен. На островите истовремено летаа лилјаци и бели рајски ластовици кои придонесуваа за една посебна енергија која ја чувствуваа сите туристи“ – раскажува Ева за CRNOBELO.com.
-->Posted by Eva Bogoevska on Tuesday, January 2, 2024
Моравме да ја прашаме како изгледа да се плива среде цело јато од ајкули и дали ѝ било сеедно додека се нурнала во водите опкружена со голем број „морски кучиња“.
„Пливањето со ајкули е една од најпопуларните атракции на Малдивите и навистина беше посебно искуство за мене.
Морам да признаам дека воопшто не ми беше сеедно, кога чувствував како ајкулите ме допираа и пливаа покрај мене, но се обидував да не мислам песимистички и да уживам максимално во несекојдневното искуство.
Исто така галевме и раи на прекрасниот остров Фулидо, а потоа го посетивме уникатниот песочен насип во Индискиот Океан“ – вели Ева.
Posted by Eva Bogoevska on Tuesday, January 2, 2024