Дестинации ширум светот кои туристите сакаат да ги видат најмногу - Која е најпопуларна атракција во Македонија?
Во Македонија, Охридското Езеро е најпопуларната атракција за туристите, додека во Хрватска – Плитвичките Езера. Кои се популарните дестинации и атракции ширум светот кои луѓето најмногу сакаат да ги видат?
Кога се зборува за популарни туристички дестинации, се мисли на оние места кои ги посетиле најмногу луѓе.
Но, сте се запрашале ли кои се дестинациите што луѓето најмногу сакаат да ги посетат, но (сè уште) немале можност?
Интересна анализа на компанија за патничко осигурување – AllClear – го открива токму ова.
Од компанијата анализирале посетеност на статии на Википедија, односно за која знаменитост во секоја држава луѓето читале најмногу.
Најпопуларни дестинации и атракции во светот (за подобра резолуција кликнете ТУКА)
Во анализата се вклучени Македонија и земјите од регионот.
Во нашата држава најпопуларно е Охридското Езеро, во Грција – Акропол во Атина, во Хрватска – Плитивчките Езера, во Бугарија – катедралата Александар Невски, во Албанија – амфитеатарот во Драч, а во Хрватска – Которскиот Залив.
За најпопуларните дестинации од компанијата откриваат и колку прегледи имаат на Википедија.
Најпопуларна дестинација во светот е Таџ Махал во Индија, со над 28 милиони прегледи на Википедија.
Најпопуларни атракции и дестинации во Европа (за подобра резолуција клкикнете ТУКА)
Од компаниајта велат дека на овој начин веројатно ги откриле новите седум светски чуда, бидејќи ова се дестинациите кои привлекуваат најмногу внимание.