Највозбудливи зимски фестивали

najvozbudlivi-zimski-festivali-povekjeНекои од најубавите фестивали се одржуваат во текот на наредните денови, а доколку сакате фестивали, гужвата и радоста што тие ја носат.


Ние ви преставуваме четири зимски манифестации во кои ќе можете да уживате оваа зима.

Копаоник: "THE BIG SOW"

Љубителите на музиката ќе се израдуваат на веста дека најзначајниот европски зимски музички фестивал "The Big Snow" оваа зима од Андора ќе се пресели во Србија. Овој зимски музички фестивал ќе се одржи од 23. До 29. Март 2012 година.

Него пред две години го оформи најголемата светска туристичка агенција Thomas Cook, додека од 2012 година кон организацијата на фестивалот ќе се приклучи и EXIT тимот, кој секако има искуство во правењето на врвни и многу посетени фестивали.

Барбадос : Џез фестивал

Иако ова е зимски фестивал, замислете се како си лежите на топлиот песок и ги слушате најталентираните џез изведувачи... Има ли поголем рај од тоа? Доколку ви де допаѓа ова како звучи, посетете го Барбадос, односно џез фестивалот кој се одржува од 14. До 20. Јануари. Таму ќе учествуваат сите познати џез имиња, како Erik Baduo, Bob James и други.

najvozbudlivi-zimski-festivali

Ница и Венеција: Карневали под маски

Еден од главните зимски случувања во Европа сигурно е зимскиот карневал во Ница. "Riviera" е еден од најдобрите зимски карневали во светот, кој нуди одлична забава и одлични туристички програми. Овој карневал трае од 17. Февруари до 04. Март, а ќе привлече илјадници посетители .

Покрај овој карневал Европа има уште еден голем, и тоа во Венеција, еден од најубавите градови во Европа и секако најпозната туристичка дестинација во италијанскиот дел од Јадранот. Прочуениот бал под маски се организира од 1979 година, а оваа година ќе трае од 18. Февруари до 08. Март. Целиот плоштад Свети Марко ќе се претвори во двонеделна прослава кога целиот град оди под маски.

Швајцарија: Фестивал на балоните

Преку 30 години љубителите на балоните  се собираат во јануари каде што девет дена гледаат најразлични балони како летаат над швајцарските Алпи. Најхрабрите ќе пробаат и во возење со балон кое чини околу 250 евра.

Во текот на овие девет дена постојат и други бројни активности, како возење со хеликоптер, музички програм и секако скијање.

Би можело да ве интересира:

„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
11 популарни клубови и ноќни барови на првиот крак на Халкидики Pearl Club во Калитеа, Achinos Beach Bar во Ханиоти - на Халкидики има бројни кл...
Котор, Скопје: Градови кои имаат стари делови што зрачат со магија (и се совршени за есенска дестина... Старата скопска чаршија е како спој на разни култури и националности и до денес ...
Велигденски базари во европските градови кои се како пролетна бајка Кои европски градови се претвораат во вистинска велигденска бајка пред празницит...
Лажни резервации за хотел и авионски билети – Како да ги избегнете измамите кога резервирате за одмо... Не наседнувајте на лажни пораки со честитки дека сте добитник на бесплатно патув...
9 европски дестинации каде и во рана есен е уште топло Од Кипар до Анталија, постојат повеќе места каде може да отидете на есенско пату...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg