Се наоѓа на Карибите, за еден ден ќе ви требаат 1.700 евра – Како изгледа најскапата летна дестинација во светот?
Гратчето Густавија на карипскиот остров Свети Вартоломеј е прогласено за најскапата дестинација за летување. Во просек, овде туристите трошат по 1.852 долари (речиси 1.700 евра) дневно, а во оваа цена не е ни вклучен авионскиот билет. Како изгледа овој луксузен карипски рај?
Florida Panhandle е компанија која го промовира туризмот на Флорида, но нуди и корисни информации за други познати дестинации.
Неодамна од компанијата направиле истражување со цел да одредат која е најскапата летна дестинација во светот.
Во истражувањето биле анализирани над 100 познати дестинации за летување, а од компанијата се фокусирале на цени на сместување, летови, храна, транспорт и туристички атракции.
Истражувањето покажало дека најскапата дестинација се наоѓа на Карибите. Станува збор за гратчето Густавија на карипскиот остров Свети Вартоломеј.
Посетителите во просек треба да потрошат по 1.852 долари за еден ден во гратчето. Да нагласиме дека во оваа цена не е ни вклучен авионскиот билет кој исто така може да има астрономска сума.
Гратчето се наоѓа на западниот дел од островот и е популарна дестинација за богаташите. Ова е една причина за многу високите цени, како и фактот дека речиси целата храна и сите производи што се достапни во гратчето се увезени.
До гратчето е стигнува со авион или брод кој ќе ве остави во пристаниште полно со јахти на милионери и милијардери.
Според Florida Panhandle, сместувањето за една вечер чини околу 1.700 долари.
Покрај тропските пејзажи и плажите, гратчето има и многу места за истражување, како цркви и околни планини.
Нормално, во гратчето има и продавници на некои од најскапите брендови во светот.
Има и бројни ресторани, а просечниот оброк за еден е 58 долари.