Вранско Езеро во Хрватска - уникатна дестинација со неверојатен поглед (фото)

Природниот парк Вранско Езеро се протега на огромна површина од околу 57km² и се наоѓа на само 5 минути возење од одморалиштето на плажата село Пакоштане (во Хрватска).

vransko-ezero-vo-hrvatska-unikatna-destinacija-so-pogled-na-ezero-more-i-ostrovi-01.jpg

Во паркот можете да влезете од еден од трите влеза на езерата, кои се Црквине, Камењак или пристаништето Просика.

Најидеалниот начин да стигнете до езерото без разлика кој влез ќе го изберете е да дојдете со автомобил или однапред да договорите превоз или тура.

Сместено во близина на морето и опкружено со чудесна природа, езерото е дом на исклучителен број видови птици, особено на диви патки. Разновидноста на видовите птици и бројните места за набљудување го прават овој парк рај за набљудувачите на птиците.

Бидејќи водата на езерото е мешавина од слатка и солена вода, тука живеат разновидни видови морски и речни риби, кои го прават езерото атракција за рибарите.

Место со уникатен поглед

Погледот на Камењак се наоѓа над самото Вранско Езеро. Од главниот дел на палубата за набљудување, кој е дизајниран како простор за одмор со клупи и маси, има неколку патеки.

Овој поглед е навистина посебен затоа што од која било точка можете да го видите Вранското Езеро, потоа зад езерото се наоѓа морето и островите на архипелагот Шибеник и Задар.

Оваа магија од пејзажи создава уникатна глетка што не може да се види на многу локации.

Повеќе фотографии:

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
8 пријатни локали низ европските градови каде што има и мачки Во повеќето големи европски градови можете да најдете локали во кои покрај вкусн...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
Скриени места во Европа што вреди да се посетат (пред сите да дознаат за нив) Ако сте од оние луѓе на кои им пречи метежот на познатите дестинации, тогаш овие...
Предлог зимска дестинација во Македонија: Нижеполе изгледа како снежна бајка Доколку сакате да се релаксирате, да уживате во топол чај со прекрасна глетка ил...
Неколку причини зошто да го посетите Бледското Езеро во Словенија Во средината на езерото е сместена црквата „Успение на Богородица“ каде посетите...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg