„Бев во Литванија, имаат повкусен леб од македонскиот - што друго ми остави силен впечаток?“

Морам да признаам дека пред моето прво патување во Каунас во Литванија не знаев многу за градот - дека е втор по големина град во Литванија, има импресивна модернистичка архитектура, улична уметност и дека кошарката се смета за „втора религија“.

kosharkata-e-nivnata-vtora-religija-a-imaat-i-vkusen-leb-shto-mi-ostavi-najgolem-vpechatok-vo-litvanija-01.jpg

Градот Каунас има долга и разновидна историја, која датира од 14 век кога првпат се споменувал во историските записи. Низ вековите, тој бил дом на бројни различни култури и цивилизации, вклучувајќи Литванци, Полјаци, Руси и Евреи.

Денес, сè уште можете да го видите наследството на овие различни култури во архитектурата, музеите и традициите на градот.

Каунас го посетив во месец јануари и навистина беше многу студено (како и што очекував). Мислев дека ќе ме дочекаат и снежни улици, но наместо тоа, имаше дожд и студени ветрови. И покрај тоа, уживав во мојот престој таму, а во продолжение ќе ви споделам неколку работи кои навистина ми оставија голем впечаток.

Љубовта кон кошарката

Кошарката е спорт број еден во Литванија. Има многу квалитетни школи за кошарка за децата да ги остварат своите соништа и најголемиот дел од парите што Литванија ги троши за спорт, одат директно за кошарката.

Тие се вљубени во овој спорт и често велат дека е нивната „втора религија“. Ако сакате да сте добредојдени не ги потсетувајте на Европското првенство во кошарка во 2011 година кога Македонија ја победи Литванија во нивната земја.

Ах да, имаат и музеј на кошарката пред кој стои статуа на Џејмс Нејсмит - човекот кој ја измислил кошарката.

Интересен факт: Kaunas Žalgiris е основан во 1944 година и е најстариот активен кошаркарски клуб во Литванија и еден од најстарите во Европа.

kosharkata-e-nivnata-vtora-religija-a-imaat-i-vkusen-leb-shto-mi-ostavi-najgolem-vpechatok-vo-litvanija-02.jpg

Вкусна храна

Супи и вкусен 'ржан леб

Литванците имаат навистина вкусна храна, особено се вљубив во вкусот на 'ржаниот леб и супите. Најчесто прават супи со рендано цвекло, моркови и компир.

Компирот изгледа е кралот на нивната кујна и имаат навистина секакви рецепти со компир. Од месо преферираат пилешко, а имаат и одлични пилешки ќебапчиња.

Имаат и многу десерти, како што се grybai - вид медењаци во форма на печурки.

kosharkata-e-nivnata-vtora-religija-a-imaat-i-vkusen-leb-shto-mi-ostavi-najgolem-vpechatok-vo-litvanija-07.jpg

Šakotis - традиционален десерт

Ова е вид торта во форма на дрво со вдлабнатина внатре. Билa подготвуванa од монасите од 15 век. Се прави на ражен, а подготовката може да трае до 5 часа.

Наликува на новогодишна елка, па најчесто ja спремаат за новогодишните празници или свадби, родендени и некои други поголеми веселби.

Пиво од цреши

Ова овошно пиво е одлично дело на литванските пивари. Обично се служи за десерт или како аперитив. Најчесто го комбинираат со десерти или не многу солено сирење и кашкавал.

Беше интересно да се проба. Сепак, навистина е благо и не би можеле да испиете повеќе од една (или половина) чаша.

Најчудниот споменик

Ова сигурно ќе го видите само во Каунас - односно споменик на место каде што ништо не се случило. Неговата форма исто така нема никакво значење.

На споменикот пишува: На 11 мај 2014 ништо посебно не се случи.

kosharkata-e-nivnata-vtora-religija-a-imaat-i-vkusen-leb-shto-mi-ostavi-najgolem-vpechatok-vo-litvanija-03.jpg

Уличната уметност

Уличната уметност велат дека била присутна на улиците на Каунас со години, дури и кога Литванија била дел од Советскиот Сојуз. Но, вистинскиот бум се случил пред неколку години, од првото издание на фестивалот за улична уметност Nykoka Street Art Festival во 2014 година.

Можеби Каунас изгледаше мрачно во студените јануарски денови, но убавата улична уметноста му даваше живот.

kosharkata-e-nivnata-vtora-religija-a-imaat-i-vkusen-leb-shto-mi-ostavi-najgolem-vpechatok-vo-litvanija-04.jpg

kosharkata-e-nivnata-vtora-religija-a-imaat-i-vkusen-leb-shto-mi-ostavi-najgolem-vpechatok-vo-litvanija-05.jpg

kosharkata-e-nivnata-vtora-religija-a-imaat-i-vkusen-leb-shto-mi-ostavi-najgolem-vpechatok-vo-litvanija-06.jpg

kosharkata-e-nivnata-vtora-religija-a-imaat-i-vkusen-leb-shto-mi-ostavi-najgolem-vpechatok-vo-litvanija-08.jpg

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Неколку причини зошто да го посетите Бледското Езеро во Словенија Во средината на езерото е сместена црквата „Успение на Богородица“ каде посетите...
Плажи во Македонија кои не се на природните езера – совршени за викенд разладување (фото) Наша плажа на езерото Мантово, но и градската плажа на Дебарското Езеро – низ Ма...
Паролдо: Вошебно италијанско село во кое се верува дека живеат вештерки (фото) Паролдо има околу 230 жители, а постојат легенди дека во волшебното село живееле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg